fbpx

Народната банка очекува значителен пад на цените на нафтата

-

Цената на нафтата за 2019 и 2020 година е ревидирана надолу во споредба со априлските проекции, при што сега се очекува поголем пад на цените од предвидениот во април, прогнозира Народната банка во најновиот извештај за макроекономските показатели.

„Надолната ревизија во најголема мера е одраз зголемената неизвесност во трговските односи помеѓу САД и Кина и очекувањата за забавување на глобалниот раст, како и објавените податоци за раст на производството на нафта во земјите членки на ОПЕК во август“, се вели во извештајот.

За анализата на цените на нафтата Народната банка користи разни извештаи на ММФ, Светската банка, ОПЕК, ЕЦБ и на специјализирани меѓународни економски портали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...