fbpx

Двајца разбојници му го украле возилото на кавадаречки таксист

Двајца разбојници вчера во Прилеп нападнале такси-возач и, заканувајќи му се со нож, му го украле возилото, информираат од МВР. Според полицијата, настанот се случил околу 22.30 часот, кога двајцата патници физички го нападнале такси-возачот А.К. (29), кој ги превезувал од Кавадарци до Прилеп, и...

Опожарен автомобилот на судијката Габриела Гајдова

Автомобилот на судијката од велешкиот суд, Габриела Гајдова, изгорел вчеравечер околу 21 часот, а причините за пожарот сè уште не се познати. Автомобилот на судијката бил паркиран пред семејната куќа, а кога избувнал пожарот, таа и нејзиното семејство не биле дома. За инцидентот биле информирани од...

Под дејство на алкохол, тепал и гризел полицајци

Вчеравечер, во два часот по полноќ, во угостителскиот обект „Дац“ во Чашка, физички биле нападнати двајца полициски службеници. Полицајците интервенирале по претходна пријава за нарушување јавен ред и мир од В.Б. (55) од Чашка, кој бил под дејство на алкохол. Тогаш В.Б. физички го нападнал едниот...

Пијани битолчани сакале да се тепаат во полициска станица

Вчеравечер, околу 2.30 часот, во битолскиот кафе-бар „Расчекор“, Ѓ.Т.(34) од Битола, кој бил во друштво со уште три лица и бил видно под дејство на алкохол, без повод и причина почнал насилнички да се однесува, нарушувајќи ги јавниот ред и мир со викање и со...

Битолчанка заврши во болница откако мажот ѝ ја претепал

Четириесет и едногодишна жена вчера е донесена во Клиничката болница во Битола со повреди во пределот на телото, градниот кош и на главата. Случајот е пријавен во полиција, по што полициски службеник извршил разговор со повредената. Жената на полицијата ѝ соопштила дека сопругот, во период...

Пукано кон бензинската пумпа во Чегрене

Непознато лице вчера, од возило во движење, истрелало неколку куршуми во правец на бензинската пумпа „Вардар петрол“ сопственост на Ш.И. (53) од селото Форино, Гостиварско. При инцидентот оштетени биле изложното стакло од продажната просторија, стаклата на фрижидер, рам од алуминиумски излог од пицеријата „Вардар“ и фрижидер за...

Тројца повредени при тепачка во Крушево

Три лица се повредени во физичка пресметка која рано изутринава избила во крушевскиот бар „Бел-ами“. Како што соопшти полицијата, тепачка настанала меѓу С.Д. (35) од Прилеп, А.П. (18) од Битола и П.А. (30) од Прилеп, од едната страна и Б.Ј. (24) и З.Љ. (23) двајцата...

Притворен скопски дилер на дрога

Дваесет и петгодишниот скопјанец Б.А. доби кривична пријава и 30 дена притвор поради основано сомневање дека сторил кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што соопшти МВР, Б.А., почнувајќи од крајот на минатата и во текот на оваа...

Скопје: Кумановец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Дваесет и четиригодишниот кумановец Д.К се наоѓа во критична состојба откако синоќа доживеал тешка сообраќајна несреќа на булеварот Борис Трајковски, во близина на „Стаклара“. Во несреќата учествувале возило „бе-ем-ве“ со кумановски регистарски таблички, со кој управувал Д.К и автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички. Во сообраќајката...

Полицаец повреден при тепчка меѓу навивачите на „Вардар“ и на „Шкендија“

Полицаец доби повреди во пределот на главата откако полицијата интервенираше на вчерашната тепачка меѓу навивачките групи на фудбалските клубови „Вардар“ и „Шкендија“ кај градскиот стадион во Тетово. Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, инцидентот настанал откако група од 30-40 навивачи на „Вардар“,...

Во Тетовско, украден накит вреден 15.000 евра

Златен накит во вредност од околу 15.000 евра е украден од куќа во тетовското село Боговиње. Кражбата, како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, е извршена вчеравечер во периодот од 19.30 часот и 21 часот. СВР Тетово поденесе пријава за засега непознати сторители, кои...

Гостивар: Татко со пиштол ја повредил 16-годишната ќерка

Шестнаесетгодишно девојче синоќа е донесено во Медицинскиот центар во Гостивар со прострелна рана од огнено оружје во пределот на рамото. Повредената е префрлена во Клиничкиот центар во Скопје. Полицијата, по преземените мерки, открила дека повредите ѝ ги нанел нејзиниот татко М.Ф. (38). Извршен е претрес...

Тетово: Приведени девет странски државјанки за нелегално работење

Тетовската полиција приведе девет странски државјанки на возраст од 21 до 37 години, при контрола што ноќеска била спроведена во угостителските објекти „Баци“ во тетовското село Синичане и „Енерџи клуб“ покрај локалниот пат за Сараќино. Како што соопшти СВР Тетово, во угостителскиот објект „Баци“ се...

Полицаец повреден во Драчево

Припадник на полицијата синоќа е повреден во скопската населба Драчево, при обид да интервенира во угостителскиот објект „Скоч“, по пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Како што соопштија од МВР, 25-годишниот Е.Т. од село Батинци го повредил полицаецот во пределот на главата. Полицијата ги...

Триесет дена притвор за малолетници кои краделе од возила

Две малолетни лица од Скопје, М.Р. (15) и Е.Р. (16), добија притвор од 30 дена поради основано сомневање дека сториле вкупно 22  тешки кражби, обиди за тешки кражби и обиди за кражба. Кривичните дела пријавените ги извршиле во периодот од 20 до 24 минатиот месец, во...

Спасов: Експерти ќе ги испитуваат причините за рударската несреќа

Министерот за труд и социјална политика, Диме Сапсов, најави дека експерти ќе бидат ангажирани за да ги испитаат причините за несреќата во рудникот „Индо минерали и метали“ од Добрево. - И досега покажавме дека водиме интензивни контроли на рудниците низ државата и секое непочитување на...

Скопјанец со стап ѝ ја скршил ногата на сопругата

Четириесет и осумгодишен скопјанец е осомничен за кривично дело при семејно насилство, откако со стап ја нападнал својата сопруга и ѝ ја скршил ногата, информираат од полицијата. Против осомничениот А.Г. е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда при семејно насилство, а судија на претходна постапка...

78 лица и пет фирми осомничени за фалсификување документи за добивање субвенции

Штипската полиција поднела кривични пријави против сопственикот и управител на фабриката БМФ - Зрновци и против уште 77 физички и пет правни лица за фалсификување или за уништување деловни книги, бидејќи внесувале поголеми количества откупена оризова арпа од реалните за да добијат поголеми суми од...

Експлозија во рудникот во Добрево, двајца рудари повредени

Двајца рудари, изутрината околу 7.15 часот, се донесени  во штипската Клиничка болница, со повреди од експлозија што се случила додека работеле во рудникот на „Индо инерали и метали“ во Добрево, кај Пробиштип. Штипската полиција потврди дека дошло до ескплозија, од засега непознати причини. Притоа, настрадале 42-годишниот рудар со...

Застрелано момче во Велес

Со прострелни рани, тело на 23-годишно момче денеска било пронајдено во непосредна близина на ветеринарната станица во Велес. Случајот во полиција бил пријавен околу 12.30 часот и на местото веднаш заминала увидна екипа од СВР Велес и Јавен обвинител, кои сè уште вршат увид. Според полицијата, телото...