fbpx

Спасов: Експерти ќе ги испитуваат причините за рударската несреќа

-

Министерот за труд и социјална политика, Диме Сапсов, најави дека експерти ќе бидат ангажирани за да ги испитаат причините за несреќата во рудникот „Индо минерали и метали“ од Добрево.

– И досега покажавме дека водиме интензивни контроли на рудниците низ државата и секое непочитување на законот не се толерира и во согласност со законот се изрекуваат парични казни или кривични пријави. Во овој момент не можам да дадам повеќе детали, но очекуваме во текот на следната недела да имаме повеќе информации за овој случај – рече Спасов.

Двајца рудари утринава се повредени при експлозија при минирање во рудникот на „Индо минерали и метали“ од Добрево.

На потешко повредениот Д.З. (42) експлозијата му ги зафатила лицето и очите. Потребна му е операција, поради што е префрлен во Клиниката за очни болести во Скопје.

Другиот, З.Т. (49), е со полесни повреди и на свое барање, ќе биде пуштен на домашно лекување.

Штипската полиција потврди дека од експлозијата, настрадале 42-годишниот рудар со иницијали Д.З. и 49-годишшниот З.Т., и двајцата од Пробиштип. На потешко повредениот Д.З. експлозијата му ги зафатила лицето и очите. Потребна му е операција, поради што е префрлен во Клиниката за очни болести во Скопје.

Полицијата соопшти дека увид местото на несреќата вршат рударски инспектор и јавен обвинител. Засега нема детали. Концесионерот со рудникот, индиската компанија „Индо минерали и метали“, соопшти дека до експлозијата дошло поради невнимание при ракување со експлозиви од страна на еден од рударите.

„Индо минерали и метали Македонија“ се во постојан контакт со повредените рудари и ќе ја следат нивната ситуација сè до нивното целосно закрепнување. Компанијата останува посветена на грижата за сите вработени и ги прави сите потребни напори за намалување на бројот на несреќи предизвикани од човечка грешка“, се наведува во соопштението од компанијата.

Ова е втора рударска несреќа во десетина дена во рудникот на „Индо минерали и метали“ од Добрево. На 24 ноември врз рудар падна камен блок, по што тој заврши со повреди на грбот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...