Тројца повредени при тепачка во Крушево

Три лица се повредени во физичка пресметка која рано изутринава избила во крушевскиот бар „Бел-ами“.

Како што соопшти полицијата, тепачка настанала меѓу С.Д. (35) од Прилеп, А.П. (18) од Битола и П.А. (30) од Прилеп, од едната страна и Б.Ј. (24) и З.Љ. (23) двајцата од село Житоше, од другата страна.

При тепачката со телесни повреди се здобиле Б.Ј., З.Љ. и П.А., по што укажана им е лекарска помош во Здравствениот дом – Крушево. Се преземаат мерки за целосно расчистување и за документирање на настанот.