fbpx

Странец фатен со лажна лична карта на скопскиот аеродром

Албански државјанин е осомничен дека употребил фалсификувана италијанска лична карта на скопскиот аеродром „Александар Велики“, соопшти МВР. Регионалниот центар за гранични работи Север, против В.М. (27) поднел кривична пријава за фалсификување исправа. Според полицијата, кон крајот на минатиот месец, осомничениот на граничниот премин на аеродромот, на...

Ограбена црква во тетовско Волковија

Непознат сторител провалил во црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовското село Волковија и украл околу 2.000 денари, соопшти полицијата. Кражбата се случила во периодот меѓу 24 ноември и 3 декември, а вкупната материјална штета била проценета на околу 14.000 денари. Крадецот во црквата влегол откако насилно ја...

Откриени четворица илегални мигранти

Полициски службеници, вчера, при контрола на локалниот пат меѓу кумановските села Слупчане и Ваксинце, во автомобил со тетовски регистарски ознаки, откриле четворица сиријски државјани, кои нелегално престојувале во земјава. Како што информираат од полицијата, мигрантите, кои биле на возраст од 24 до 38 години, ги...

Малолетник притворен за обид за тешка кражба

Судија на предходна постапка му изрекол 30-дневен притвор на 14-годишно момче, против кое скопската полиција поднела кривична пријава за обид за тешка кражба, соопшти МВР. Според полициските информации, малолетник на почетокот на октомври годинава, со намера да изврши кражба, провалил во куќа во населбата Драчево,...

Го врзале чуварот со леплива лента и го ограбиле

Вчера во Штип, на улицата Железничка, околу 15 минути по полноќ, неколку маскирани лица извршиле разбојништво врз С.М. (54), вработен како чувар. Тие ја прескокнале оградата, влегле во стражарската куќичка и со леплива лента му ги врзале рацете, нозете и му ја залепиле устата, по што излегле...

Барале кабли, пронашле човечки череп

Вчера, во 9.10 часот во Виница, вработен во „ЕВН - Македонија“ пријавил дека на 1 декември 2014 година, околу 14 часот, на улицата Браќа Миладинови, пред влезот на градскиот парк, лице вработено во фирмата која вршела ископ за поставување фундамент за столб за потребите на „ЕВН...

Нападнат домот на пратеничка во скопската населба Ѓорче Петров!?

Домот на пратеничка од редовите на опозицијата е нападнат во скопската населба Ѓорче Петров, дознава „Нетпрес“ од партиски извори. Според порталот, во текот на ноќта, непознати лица на влезната врата од домот на пратеничката Љ.Б. напишале зборови со погрдна и навредлива содржина, а го  исцртале...

Апелација ги потврди казните на обвинетите во случајот „Агент“

Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за случајот „Агент“, со која на затворска казна од две години се осудени поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, адвокатот Владо Пешликоски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валич, а на казна затвор...

Средношколците со страв одат на училиште

Речиси половина од средношколците во земјата не се чуствуваат безбедно во училиштата, што се должи на нивната перцепција за големата застапеност на оружјето меѓу нивните врсници, покажува истражувањето спроведено од Младинскит образовен форум (МОФ). Според истражувањето, 45,4 отсто од средношколците сметаат дека нивните врсници во...

Кривична пријава за мачење елени

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против С.Ј. (50) од Кратово, претседател на Здружението „Буковац“ - Кратово, С.С. (37) од село Злетово, технички секретар-ловник, и З.М. (39) од Кратово, секретар и член на Управен одбор, за злоупотреба на службената положба и за мачење животни во...

Банкар си земал пари од клиент

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.С. (34), службеник во филијала на банка во Тетово, за злоупотреба на службената положба и овластување. На 25 јуни 2014 година, околу 16 часот, во банката дошло лице со намера да подигне 216 евра од својата штедна книшка, за што потпишало...

Од три улици во Тетово крадел „ајфони“, камери, цигари…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.А. (23) од Тетово, за сторени пет тешки кражби и два обида за тешка кражба. Во периодот од август до октомври 2014 година, на градското подрачје на Тетово, на улиците Илинденска, ЈНА и Страшо Пинџур, пријавениот со употреба на физичка сила...

Ја ограбил со пластичен пиштол

Вчера, околу 20.45 часот, во Велес ,на улицата Тодор Јанев, во колонијалната продавница „Афродита“, сопственост на Г.Б.(51), непознат сторител со закана со пластичен пиштол и со употреба на физичка сила извршил разбојништво над вработената, при што од касата одзел 2.500 денари. Се преземаат мерки за...

Се скарале на улица, па се избоделе со нож

Вчера, околу 19.40 часот, во Скопје, на улицата Љубљанска, додека В.Ќ. (20) и неговиот брат С.Ќ. (23) од Скопје, со патничко возило „голф“ се движеле по еднонасочна улица, се пресретнале со друго патничко возило во кое биле две непознати лица, кои почнале вербална расправија, а...

Охриѓанец со нож расчистувал сметки во кафуле

Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот И.Р. од Охрид, поради сомнеж дека сторил обид за тешка телесна повреда. На 23 ноември, пријавениот, со неколку убоди со нож во пределот на десната препона и на левата надколеница, му нанел телесни повреди на Б.Р.,...

Машки труп пронајден во водите на Вардар, кај Велес

Машки труп бил пронајден кај местото Кораб, близу утоката на реката Бабуна во Вардар, пренесува „А1 он“. Телото го пронашле лица од здружението на спортски риболовци „Бабуна“, кои веднаш пријавиле во полиција. Според полицијата, телото било во фаза на распаѓање и по наредба на јавен обвинител во...

„Бреза“: Го зборував тоа што ми го дадоа напишано на хартија

Златко Арсовски, познат по псевдонимот „Бреза“, под кој фигурираше како заштитен сведок во случајот „Ореше“, на денешното рочиште за истиот предмет, рече дека тоа што го зборувал предходно му било дадено напишано на хартија од Вељо Арсовски, роднина на убиениот во случајот, пренесува „Утрински...

Нова кривична пријава за поранешниот градоначалник на Охрид

Поранешниот градоначалник на Општина Охрид, Александар Петрески, кој издржува мерка притвор, откако беше уапсен во акцијата „Јагула“, и поранешниот директор на јавното претрпијатие „Билјанини извори“ се осомничени дека незаконски дале под закуп градежно земјиште за 308 места за паркирање во центарот на Охрид, соопшти...

Ја киднапирал сопствената ќерка

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.И. (27) од Струмица, за кривично дело одземање малолетник. Имено, како што информираше полицијата, на 25 ноември годинава, во 08.30 часот, во градинката „Детска радост“ , пријавениот, со употреба на физичка сила, од поранешната сопруга насилно ја одзел нивната двегодишна ќерка,...

Ја тепал поранешната девојка за да му се врати

Вчера во Куманово е привден Ф.М. затоа што во 00.15 часот ја сретнал  Д.Ј. (21) од Куманово, која била негова пораешна девојка, и насилно ја внел во куќа, сопственост на неговата баба, каде физички ја нападнал заканувајќи ѝ се дека ако не ја продолжат врската,...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...