Припадник на полицијата синоќа е повреден во скопската населба Драчево, при обид да интервенира во угостителскиот објект „Скоч“, по пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Како што соопштија од МВР, 25-годишниот Е.Т. од село Батинци го повредил полицаецот во пределот на главата.
Полицијата ги привела напаѓачот и останатите учесници во тепачката, против кои ќе биде поднесена соодветна пријава.