fbpx

Нова демократија ги користи македонските медиуми против СИРИЗА

Нова демократија ги искористи текстовите од македонските медиуми за напади врз СИРИЗА. Десничарската партија се обиде повторно да го претстави Ципрас како потенцијален национален предавник околу спорот за името, повикувајќи се на текстови од македонските медиуми кои анализираат дека идна влада на СИРИЗА би...

Омаж за загинатите во француската амбасада

Во Амбасадата на Република Франција во Скопје, денеска се одржа омаж за загинатите во терористичкиот напад на неделникот „Шарли ебдо“ во Париз. Амбасадорката Лоренс Оер истакна дека денеска е ден на нацонална жалост во Франција и во дипломатските и конзуларни претставништва на нивната држава....

Одложена седницата на Комисијата за образование: 24 часа за нови предлози

Седницата на Комисијата за образование, на која требаше да се разговара за предлог-измените на Законот за основно, средно и високо образование по првото читање во Собранието, е симната од дневниот ред. Неофицијално се дознава дека седницата е одложена 24 часа за да се даде...

Дванаесет мртви во напад врз сатиричен весник во Франција

Дванаесет лица - десет новинари и двајца полицајци - загинаа во напад врз редакцијата на францускиот неделен сатиричен весник „Шарли ебдо“ утринава во Париз. Три тешко вооружани маскирани лица упаднале во редакцијата на весникот и почнале да стрелаат, според сведоците. „Шарли ебдо“ е познат сатиричен весник кој често бил...

Владата побара писмено да ѝ се достават предлози за реформи во образованието

Владата на Република Македонија денеска ги повика универзитетите да достават предлози за реформи во високото образование. „Владата на Република Македонија денеска упатува уште еден повик и замолница, до сите субјекти кои имаат интерес и конкретни и аргументирани идеи и предлози за понатамошно унапредување на реформата,...

ЕУ со телевизиски канал ќе се бори против пропагандата на Путин

ЕУ разгледува можност за европски ТВ-канал „против пропагандата на Путин“, обзнани популарната веб-страница „Базфид“ во интервју со летонскиот министер за надворешни работи, непосредно пред Рига да го преземе претседателството со ЕУ на почетокот од 2015 година. Земјите-членки на ЕУ сè посериозно ја разгледуваат можноста...

Брисел ѝ порача на Атина: Членството во еврозоната е неотповикливо

Тензијата и во институциите и во поголемите престолнини на Европска Унија се зголемува како што се ближат изборите во Грција, каде главниот фаворит е Алексис Ципрас, предводникот на радикалната левица СИРИЗА. По информациите објавени викендов во германски „Шпигел“, според кој „Грција може да ја напушти еврозоната“...

Сите се налепија на две недели стара изјава на Алфеев за спорот МПЦ-ОА – СПЦ

Изјавата во која митрополитот на руската православна црква Иларион Алфеев зборува за спорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ и понудата за посредништво од страна на РПЦ, која денеска ја пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се Верската информативна агнеција (ВИА), а која беше преземена од повеќе македоски...

Бурен образовен викенд, со можности за повремени валканици

Предложените измени во законите за високо образование, викендов предизвикаа вистинско невреме, какво во јануари - кој обично е „мртов“ месец - во македонското образование се нема случено со децении. Бурата ја почна предлогот од Универзитетот на Југоисточна Европа, со кој се бара реформите во...

Дождот го намали загадувањето, Скопје дише послободно

Дождот, кој денеска претпладне паѓаше во Скопје, го намали загадувањето на градот. Ако вчера загадувањето со ПМ10-честички изнесуваше 372 микрограми на еден кубен метар, што беше речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми, денеска изнесува 150, што е трипати повеќе. Моментално, според податоците од страницата на Министерството...

Скопје, Кичево и Тетово повторно се задушуваат, воздухот е седумпати позагаден од дозволеното

Во 15 часот, загадувањето во Скопје со ПМ10-честички изнесува 372 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми. Голема концентрација со овие честички има во скопските општини Центар, Капош, Лисиче и Гази Баба. Речиси во сите општини концентрацијата на ПМ10-честички изнесува повеќе од 400...

Спојувањето празници е македонски изум

Скопје изгледа празно иако петок е работен ден. Пред Нова година од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека празниците, како што се четврток (1 јануари ) и вторник и среда (6 и 7  јануари), Бадник и Божик, не треба да се спојуваат со петок (2...

„Линк медиа плус“, фирма за златни лопати, тендери и за лампиони

Новогодишно украсување улици, наводнување жардиниери, изработка на репрезентативен новогодишен материјал, изработка на контролни маркици - етикети,  набавка на спортска опрема и на спортски маици, хортикултурно уредување, ова се само дел од тендерите што фирмата „Линк медиа плус“ ги добивала од скопските општини, Градот Скопје и од...

Македонија на голем минус, жолта фаза во три региони

Oд Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат многу нискa температурa, а три региони од земјава ќе бидат во жолтата, односно предупредувачка фаза. Охрид – Преспа, Полог – Порече и Осогово – Малешево се прогласени за критични региони, а температурата во тие делови од земјава ќе се...

Италијанска астронаутка: Бонџорно Скопје, Македонија!

Италијанската астронаутка Саманта Кристофорети викендов ги поздрави граѓаните на Македонија од вселената. Кристофорети, која на 23 ноември ја почна својата шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица, во саботата преку својот твитер-профил испрати поздрав, објавувајќи фотографија на Скопје од вселената. „И убава сабота, Македонијо! Еве го вашиот...

Скопјани се собраа да кажат „не“ за барок на ГТЦ

На плоштадот во Скопје вечерва се собраа граѓани во одбрана на Градскиот трговски центар. Тие испратија порака до Владата да се повлече од намерата да го претвори во барок. Меѓу насобраните скопјани имаше и многу јавни личности, а во одбрана на ликот на ГТЦ со...

Еден загинат, 156 патници извлечени од „Норман Атлантик“

Трагедијата на „Норман Атлантик“, кој утринава се запали на отворено море во близина на островот Крф, ја зеде првата жртва. Портпаролот на грчкото министерство за поморство, повикувајќи се на потврдени информации од италијанската крајбрежна служба, објави дека еден маж загинал во интервенцијата за негово...

Се запали ферибот кај Крф со 478 патници, тројца се од Македонија

Грчките и италијанските крајбрежни служби се обидуваат да спасат 478 патници од ферибот кој утринава се запали на отворено море, во близина на островот Крф, од кои тројца се македонски државјани. Според списокот на патниците кој го објави „Прото тема“ на бродот од Македонија биле...

Последен, очајнички апел на Самарас

Грчкиот премиер ја оцени како политичка уцена и изнуда одлуката да се гласа против Ставрос Димас и да не се избере претседател. Андонис Самарас вечерва, преку интервју на државната грчка телевизија, го имаше последното обраќање до граѓаните и до пратениците пред последниот круг гласање...

Студентите и професорите побараа Владата да отстапи

Неколку илјади студенти, професори и средношколци се собраа пред Владата на Република Македонија и побараа повлекување на законот за високо образование кој предвидува воведување државен испит на факултетите. Извикувајќи „Доста се криете“, „Екстерно за владата“, „Автономија“, „Нема правда, нема мир “ на македонски и...

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Објавата шири морбидна лага дека починал политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чијашто фотографија е злоупотребена. Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница...