fbpx

Студентите и професорите побараа Владата да отстапи

-

Неколку илјади студенти, професори и средношколци се собраа пред Владата на Република Македонија и побараа повлекување на законот за високо образование кој предвидува воведување државен испит на факултетите. Извикувајќи „Доста се криете“, „Екстерно за владата“, „Автономија“, „Нема правда, нема мир “ на македонски и на албански јазик, тие го искажаа незадоволството од усвојување на законот без поширока јавна дебата и без консултирање на студентите.

– Овие протести не се само едни обични студентски протести, тие се нешто ново, почеток на нешто многу поголемо. Тие се почеток на надежта, на вербата на македонските граѓани. Од денеска па натаму македонските граѓани не се плашат. Ние, студентите, ќе се бориме за подобра иднина, која ја заслужуваме. Уште еднаш покажавме дека не сме глуви, дека не сме неми. На нашите политичари денеска ќе им кажеме една работа. Сè додека нè лажете и сè додека си играте со нас, нема да има мир – рекоа од „Студентски пленум“.

 

На протестот беа присутни и професори кои студентите ги повикаа јавно да ја искажат поддршката.
– Од името на „Професорски пленум“, сакам да ви честитам што се охрабривте, што излеговте и што нè охрабривте и нас и што конечно видовме искра во вашите очи. Тука сме и ќе ја тераме работата до крај – рече професорката Искра Пановска-Димкова од Филолшкиот факултет.

На протестот студентите прочитаа писмо од европскиот комесар за култура, образование млади и спорт и генералниот директор за образование и култура на Европската Унија упатено до премиерот Никола Груевски, во кое изразуваат солидарност со претставниците на „Студентски пленум“ и нивните поддржувачи.
„Критичката размисла е заложник на диктатот на оние на власт. Предолжените амандмани на законот за високо образование како дополнување на неодамнешните акти на Министерството за образование и наука не само што ја поткопуваат, туку ја елименираат автономијата на универзитетите“, се вели во писмото.

Во рамките на протестот, пред Владата се одржа и музички перформанс.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...