Обвинителството го доби извештајот за падот на „кингерот“

Меѓународниот стручен тим денеска до македонското Јавно обвинителство го достави извештајот за авионската несреќа во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски и осуммина негови соработници и членови на екипажот.

– Јавното обвинителство на Република Македонија го достави извештајот до надлежното обвинителство на понатамошно разгледување и анализа, по што ќе излезе со информации за евентуално понатамошно постапување – стои во краткото соопштение од јавното обвинителство.

Истражителот Омер Кулиќ, кој го достави извештајот, рече дека утре на прес­-конференција ќе даде целосно објаснување на неговата содржина.

Извештајот на меѓународниот тим, утрово беше предаден и на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и на претседателот на држвата Ѓорге Иванов.