fbpx

Се запали ферибот кај Крф со 478 патници, тројца се од Македонија

-

Грчките и италијанските крајбрежни служби се обидуваат да спасат 478 патници од ферибот кој утринава се запали на отворено море, во близина на островот Крф, од кои тројца се македонски државјани.

Според списокот на патниците кој го објави „Прото тема“ на бродот од Македонија биле Арифи Д., Даути Џ. и Даути А. (татко и син) кои на списокот се заведени со кодот МК. Имињата се чуваат во тајност додека не заврши спасувачката мисија. За сега нема информации за повредени и жртви, патниците се во тешки услови поради лошото време силните дождови, град и ветрови, но за сега се во добра состојба.

Пожарот почнал рано изутринава, околу 4 часот, од гаражата на бродот „Норман Атлантик“, кој плови под италијанско знаме и патува на линијата Патра – Игуменица – Анкона. На бродот има 222 паркирани возила и камиони.

Засега нема информации за жртви и за повредени, а според информациите, бродот сè уште се држи стабилно и нема изгубено контрола. Патниците што се на бродот јавуваат дека условите се застрашувачки и речиси две третитни од бродот се зафатени од пожарот.

Грчките и италијанските крајбрежни спасителски служби се обидуваат да стигнат до бродот за да помогнат и да ги извадат патниците на безбедно. Засега, 150 патници се спуштени од „Норман Атлантик“ во спасувачки чамец. Од нив 30 се пренесени на еден од товарните бродови во околината, а другите 120 сè уште се во спасувачкиот чамец. Околу фериботот има уште шест други товарни бродови кои се обидуваат да му се доближат да за помогнат при спасувањето на патниците.

Спасувачката мисија е отежнета од лошите временски услови и од немирното море поради силните јужни ветрови во близината на Крф.  Грција веќе има испратено и воен авион и три хеликоптери кои кружат околу бродот за да ги испитуваат условите и да помогнат во спасувачката мисија, а од италијанска страна се испратени уште два авиона, хеликоптер и брод. И Албанија се има понудено да испрати спасувачки бродови, а од Игуменица се очекува да тргне противпожарен брод.

М.П.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...