Италијанската астронаутка Саманта Кристофорети викендов ги поздрави граѓаните на Македонија од вселената.

Кристофорети, која на 23 ноември ја почна својата шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица, во саботата преку својот твитер-профил испрати поздрав, објавувајќи фотографија на Скопје од вселената.

„И убава сабота, Македонијо! Еве го вашиот главен град Скопје, погледнат утринава од вселената. Бонџорно Скопје, Македонија!“, напиша Кристофорети.

Триесет и седумгодишната Кристофорети е првата Италијанка астронаут. Таа изминативе денови, во духот на божикните празници, објавува фото-поздрави од вселената.