На плоштадот во Скопје вечерва се собраа граѓани во одбрана на Градскиот трговски центар. Тие испратија порака до Владата да се повлече од намерата да го претвори во барок.

Меѓу насобраните скопјани имаше и многу јавни личности, а во одбрана на ликот на ГТЦ со песна застана и пејачката Ана Костовска.

Протестот под мотото „Во Новата година со стариот ГТЦ“, почна во 19 часот, пред влезот во ГТЦ, во организација на иницијативата „Го сакам ГТЦ“.