Скопје, Кичево и Тетово повторно се задушуваат, воздухот е седумпати позагаден од дозволеното

-

Во 15 часот, загадувањето во Скопје со ПМ10-честички изнесува 372 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми.

Голема концентрација со овие честички има во скопските општини Центар, Капош, Лисиче и Гази Баба. Речиси во сите општини концентрацијата на ПМ10-честички изнесува повеќе од 400 микрограми на еден кубен метар.

Многу високо загадување има во Кичево и во Тетово, а над дозволеното ниво на ПМ10-честички има и во Велес, Кочани и во Кавадарци.

Во Центар и во Карпош е забележано и високо ниво на ПМ2,5-честичките.

Во случај на надминување на прагот од 50 микрограми на еден кубен метар на ПМ10-честички во пет последователни дена, Министереството за животна средина и просторно планирање издава предупредување да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на простории да не се користи каков било синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

Вообичаено, концетрацијата на ПМ10-честички постигнува максимално ниво во вечерните часови, од 22 часот до 1 часот по полноќ.

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да се пријават...

Владата ги повика на консултации невладините организации за Извештајот за состојбата на НВО во 2024 година

Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година. „Одделението за соработка со невладини организации...

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од утре ќе престојува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од...

Наставниците немаат доволно ресурси за да реализираат настава, утврдиле инспекторите

Во училиштата нема доволно дидактички материјали и дидактички ресурси за реализирање на наставата на сите наставни јазици (во тој опфат спаѓаат и асистивни технологии за ученици со посебни образовни потреби). Специјализираните...

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да...