fbpx

Скок на цената на нафтата

Цената на нафтата при тргувањето на азискиот пазар се зголеми откако Европа одговори на нападите на Исламска држава во Париз, а резервите на нафтата во САД повторно се зголемија. - Нападите против Исламска држава би можеле да ги зголемат геополитичките тензии за нафтата на Блискиот Исток, што би довело...

Годинашниот Македонски економски самит овие два дена ќе се случува во Скопје

Македонскиот економски самит 2015, кој е во организација на „Македонија 2025“, денеска и утре ќе се одржи во хотелот „Александар палас“. На самитот ќе учествуваат  извршни директори, менаџери, инвеститори и петприемачи од регионот и од странство, кои на повеќе тематски панел-дискусии ќе говорат за технологија, бизнис...

Беџети: Расправата за буџетот е само еден лош театар

Денеска е во тек третата собраниска расправа за дополнителниот предлог-буџет, на која пратениците меѓу себе се расправаат за тоа што направила власта, а што опозицијата, а најмалку дебатираат за ставките во буџетот што ги засегаат граѓаните и од кои зависи економскиот просперитет на државата. Пратениците од...

ЕБОР со 64 милиони евра ќе ја кредитира изградбата на патот Штип – Радовиш

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ја зајакне транспортната инфраструктура со финансирање на модернизацијата на македонската национална патна мрежа со кредит до 64 милиони евра, соопшти ЕБОР. Финансирањето ќе се искористи за подобрување на 39 километри од националниот патен правец што ги поврзува градовите Штип и Радовиш. Како дел...

Стојановски: Целта на буџетот е да се купи глас повеќе за предвремените избори

На денешната седница во Собранието, на која продолжи расправата за дополнителниот предлог-буџет, владејачката партија ја обвини опозицијата дека создала вештачка политичка криза, која е причина за послабите проекции за економијата. Но, и покрај тоа, како што порача пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, се најавуваат...

Тунтев: Реалноста надвор од буџетот е дека народот сè потешко живее

На втората расправа за предлог-буџетот во Собранието, пратениците дискутираа, повеќе политички, во однос на остварувањата на оваа власт и за забелешките од опозицијата, отколку за ставките во буџетот и што тој значи за граѓаните за следната година. Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, зборуваше за бројките надвор...

Интернационална обука за подобрување на работните вештини кај младите

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на караванот „Еразмус плус“, кој е во тек, организира низа активности, обуки, семинари и работилници во насока на зајакнување на знаењата и на вештините и на имплементирање нови образовни техники и методи за младите. Подобрување...

Грција од кредиторите ќе добие 12 милијарди евра

Грчката влада постигна договор со меѓународните кредитори за деблокирање на околу 12 милијарди евра неопходни кредити, изјави денеска министерот за финансии, Еуклид Цакалотос, по маратонските преговори. - Постигнавме договор за сè, вклучувајќи 48 дополнителни мерки за да се овозможи в петок да ни се уплатат...

Денеска продолжува седницата за буџетот

Расправата за буџетот продолжува и денеска во Собранието. Опозицијата нема да даде поддршка за него бидејќи, како што истакна Марјанчо Николов, буџетот е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен и, според пратеникот на опозицискиот СДСМ, со него секој од нас е задолжен со нови 150 евра. Министерот за...

Прометот на индустријата на странскиот пазар се зголемува

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември годинава, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 0,6 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 19,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот...

Македонија се поврзува директно со енергетскиот систем на Србија

Утре, 17 ноември, ќе биде ставен во функција новиот далновод, поставен на 168 челични решеткасти столбови, на траса долга 70 километри од Штип до македонско-српската граница, кај Куманово. Со овој систем на МЕПСО, македонскиот енергетски систем директно се спојува со енергетскиот систем на Србија. Со изградбата на...

Николов: Со буџетот за 2016 година, секој од нас е задолжен за 150 евра

Марјанчо Николов од опозицискиот СДСМ, на собраниската расправа за предлог-буџетот, истакна дека опозицијата нема да го поддржи буџетот за 2016 година бидејќи е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен. За историски највисокиот буџет од 3,2 милијарди евра, Николов додаде дека е нетранспарентен и не се...

Ставрески го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците на Собранието. Тој очекува следната година да има повисок степен на политичка стабилност, со што ќе се создаде подобра клима за стопанството, за реализација на инвестиците и за граѓаните полесно да...

Во Собранието ќе се расправа за предлог-буџетот за 2016 година

Расправата по дополнетиот предлог-буџет за 2016 година, треба да почне денеска на пленарната седница во Собранието на Македонија. Како што соопшти министерот за финансии, Зоран Ставрески, основните карактеристики на предлог-буџетот за 2016 година, се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 проценти оваа година, на 3,2...

Путин: Гасоводот „Турски тек“ не губи од својата динамика

„Турски тек“ не губи од својата динамика, проектот одговара на интересите на Русија и на Турција, но треба внимателно да биде разгледан, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Интерфакс“. Путин истакна дека Русија и Турција имаат многу правни, техничко-економски, технолошки и организациски прашања,...

Бројот на туристи зголемен за 11,2 проценти во однос на лани

Бројот на туристите во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 20 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во септември 2015 година изнесува 79.218, а бројот на ноќевањата...

Се очекуваат поголем број договори за градежни работи и вработувања

Се очекуваат зголемен број договори за градежни работи и вработени во наредните три месеци, објави Државниот завод за статистика. Оценката за финансиската состојба и за сегашната состојба со порачки е поповолнa во споредба со претходното тримесечје. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност...

Вредноста на договорените градежни работи помала за 53,3 проценти во однос на лани

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство од јануари до септември годинава изнесува 3.286.333.000 денари, што е за 53,3 проценти помалку во споредба со истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во...

Индустриските цени пониски за 5,1 отсто на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември, вкупно, се пониски за 0,6 отсто на месечно ниво, а за 5,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во...

Компанијата „Агриа“ ќе инвестира во Џумајлија

Земјоделското земјиште на светиниколскиот агрокомбинат „Џумајлија“, го доби компанијата „Агриа“ од Велес на електронска аукција. Компанијата дала најповолна понуда за годишна закупнина од 108.585 евра, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Агриа“ се обврзува да инвестира 2 милиони евра во рок од четири години. Компанијата ќе...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...