Расправата за буџетот продолжува и денеска во Собранието. Опозицијата нема да даде поддршка за него бидејќи, како што истакна Марјанчо Николов, буџетот е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен и, според пратеникот на опозицискиот СДСМ, со него секој од нас е задолжен со нови 150 евра.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, истакна дека во буџетот има развојна и социјална компонента и очекува следната година да има повисок степен на политичка стабилност, со што ќе се создаде подобра клима за стопанството, за реализација на инвестиците и за граѓаните полесно да ги носат потрошувачките одлуки.
Планираниот дефицит е 3,2 проценти и, според Ставрески, ќе се финансира од домашни и од странски извори, односно преку еврообврзницата и издавање хартии од вредност од домашниот пазар.