fbpx

Путин: Гасоводот „Турски тек“ не губи од својата динамика

-

„Турски тек“ не губи од својата динамика, проектот одговара на интересите на Русија и на Турција, но треба внимателно да биде разгледан, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Интерфакс“.

Путин истакна дека Русија и Турција имаат многу правни, техничко-економски, технолошки и организациски прашања, кои заеднички треба да ги решат.

Тој посочи дека врз темпото на преговорите влијаела политичката ситуација, односно изборите во Турција, но дека руската страна имала разбирање за тоа.

Во Москва сметаат дека новата влада на Турција во краток рок ќе може да ги усогласи клучните моменти на меѓудржавниот договор за изградба на „Турски тек“.

Путин нагласил дека проектот ќе овозможи гасот да стигне на турско-грчката граница, односно на границата на ЕУ, каде ќе можат да го купуваат европските потрошувачи.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...