fbpx

Ставрески го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците

-

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците на Собранието. Тој очекува следната година да има повисок степен на политичка стабилност, со што ќе се создаде подобра клима за стопанството, за реализација на инвестиците и за граѓаните полесно да ги носат потрошувачките одлуки.

Ставрески, како што појасни пред пратениците, очекува и реален пораст на домашниот бруто-производ од 4 проценти. Порастот на македонската економија, според министерот за финансии, ќе биде потпомогнат од реализацијата на инфраструктурни проекти, поддршка на фирмите преку евтини кредити и зголемување на странските инвестиции.

– Основна карактеристика на буџетот за 2016 година е почнување на процесот на фискална консолидација, што значи дека преку фискална стратегија во следните три години ќе имаме намалување на буџетскиот дефицит и одржување на ниво на јавен долг на умерено ниво. Буџетскиот дефицит за следната година ќе биде 3,2 процент од БДП, во 2017 – 2,9 проценти и 2,6 проценти во 2018 година – истакна Ставрески.

Тој рече дека извозот ќе се зголеми за 8,1 отсто, а увозот за 6,8 проценти.

– Очекуваме високо ниво на бруто-инвестиции. Очекуваме следната година да имаме стабилен монетарен сектор, стабилност на цените и на девизниот курс и инфлација не повисока од 2 проценти. Дефицитот на тековниот платен биланс ќе се движи од 1 до 1,5 отсто и ќе има одржливо ниво на девизни резерви од 4 проценти – рече Ставрески.

Според него, буџетот е комбинација на развојна и на социјална компонента. Тој истакна дека капиталните инвестиции се историски на највиско ниво, но има и повеќе средства за поддршка на социјално ранливата категорија граѓани и на пензионерите.

За следната година, исплатата на социјалните трансфери ќе биде поголема за 5 проценти.

Во буџетот се предвидени повеќе средства за здравствена заштита, околу 25 милијарди денари. За поддршка на рамномерниот регионален развој, предвидени се 25.578 милиони денари, што е за 15 проценти повеќе од 2015 година.

За патната инфраструктура, односно за Коридор 10, предвидени се 2.579 милиони денари, 12.384 милиони денари за изградба на десетици патни правци, а за железничка инфраструктура предвидени се 2.200 милиони денари.

За втората фаза на националниот гасификационен систем, предвидени се 35 милиони евра.

Планираниот дефицит е 3,2 проценти и, според Ставрески, ќе се финансира од домашни и од странски извори, односно преку еврообврзницата и издавање хартии од вредност од домашниот пазар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...