fbpx

СДСМ: Со 20 милиони евра народни пари, Груевски лаже дека Македонија е рај за водење бизнис

Опозицискиот СДСМ во соопштение вели дека Груевски „истурил“ 20 милиони евра народни пари за да ги лаже граѓаните преку неговите медиуми, каде што тој е главниот и одговорен уредник, дека, меѓу другото, Македонија е рај за водење бизнис. - ВМРО-ДПМНЕ и Груевски даваат милиони евра народни...

Граѓаните должат повеќе од една милијарда евра на картички и за кредити

Граѓаните должат вкупно 1,11 милијарди евра за потрошувачки кредити и за кредитни картички , покажуваат податоците на Народна банка за декември 2015 година. Во однос на ноември, најголемо зголемување има кај потрошувачките и кај станбените кредити. Народната банка донесе мерки со кои од оваа година банките...

Банката „Јулиус Баер“ ќе плати казна поради помагање во избегнување даночни обврски

Швајцарската приватна банка „Јулиус Баер“ постигна спогодба со американските власти, според која, ќе плати 547 милиони долари за да заврши судската постапка против неа покрената со обвинение дека помагала на богатите Американци во избегнување да плаќаат данок. - За „Јулиус Баер“ затворањето на овој жален, наследен...

Николовски: Нови 4 милиони евра завршиле кај фирмата „Трансмет“, чиј сопственик е Сеад Кочан

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, објави дека „нови 4 милиони евра завршиле кај фирмата „Трансмет“, чиј сопственик е Сеад Кочан.“ - Ова е договорот од 16 јули 2014 година, со кој фирмата „Трансмет“ добива тендер од повеќе од 184 милиони денари за изградба на пристапен пат...

Се очекува зголемување на цените во градежништвото

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе остане ист во наредните три месеци, објави Државниот завод за статистика. Оцената за финансиската состојба и оцената за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти...

Извозот лани помал за околу 440 милиони евра во однос на 2014 година

Извозот во 2015 година изнесувал 4.489.934.000 долари, што е за 443.911.000 долари помалку во однос на 2014 година, кога изнесувал 4.933.845.000 долари, објави Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на увозот во 2015 година изнесува 6.399.867.000 долари, што е за 876.862.000 долари помалку во однос на...

ЕК: Економскиот пораст ќе биде поголем од лани

Економскиот пораст во еврозоната годинава ќе биде нешто повисок од минатата година, но помал од претходно проектираниот, соопшти денеска Европската комисија. Брисел предвидува дека порастот во еврозоната годинава ќе изнесува 1,7 отсто, односно за 0,1 отсто понизок од претходно предвидениот и за толку повисок од минатата...

Наумов: Ќе ги вратат и земјата и парите

За да преживее Овчеполието, земјата мора да се врати на вистинските земјоделци. Ова било истакнато на средбата на претседателот на комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, со жителите на Свети Николе. - Земјата ќе ја вратиме кај вистинските земјоделци, кај вас,...

ЕК: Порастот на македонската економија ќе изнесува 3,3 отсто

Европската комисија предвидува пораст на македонската економија од 3,3 проценти за годинава и пораст од 3,5 проценти за 2017 година. - Во 2016 и во 2017 година, порастот се предвидува да остане цврст. Домашната побарувачка ќе остане клучен двигател и потрошувачката на домаќинствата се очекува...

Европската комисија сака да ја повлече од оптек банкнотата од 500 евра

Европската комисија работи на тоа од употреба да се исфрли банкнотата од 500 евра, а со тоа би можела да се согласи и Европската централна банка (ЕЦБ), пишува „Фајненшал тајмс“. Станува збор за банкнота за која многу од жителите на еврозната велат дека не постои...

„Форд фиеста“ е најпродавано возило во Македонија и во Европа

„Форд фиеста“ е најпродавано мало возило во Македонија и во Европа за 2015 година. На македонскиот пазар, „форд фиеста“ има удел кој надминува 20 проценти во вкупната продажба на возила во Б-сегментот за минатата година. Овој автомобил и во Европа е на првата позиција веќе четврта година по...

Слабеењето на доларот ја зголеми цената на нафтата во Азија

Цената на нафтата денеска закрепнува во Азија, што е поттикнато од слабеење на доларот, како и од шпекулациите за можно намалување на производството од членките на Организацијата на земјите-извозници на нафта (ОПЕК). Трговците одлучиле да ги игнорираат информациите за уште едно зголемување на американските комерцијални резерви на сурова...

„Шел“ отпушта 10.000 вработени

Нафтената компанија „Ројал дач шел“ потврди дека ќе затвори 10.000 работни места поради голем пад на профитот. Во четвртото тримесечје од минатата година, компанијата оствари заработувачка од 1,8 милијарди долари, додека во истиот период претходната година заработи 4,2 милијарди долари, пренесува „Би-Би-Си“. Вкупните приходи во 2015 година...

ЕБРД: Финансиски пакет од 900 милиони евра за бегалската криза

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) соопшти дека ќе настојува да инвестира 900 милиони евра во рамките на меѓународните напори за решавање на бегалската криза. - ЕБРД се приклучува во меѓународните напори во борбата против бегалската криза, која ја предизвика граѓанската војна во Сирија,...

Наумов: Потребна е одговорност за пропустите во процедурите при задолжувањата

Дополнителниот заменик-минитер за финансии, Кире Наумов, денеска повика на одговорност за „пропустите во процедурите при задолжувањата“. Во соопштение се наведува дека по вчерашното откажување на аукцијата, денеска е закажана нова за 9 февруари 2016 година. Според него, тоа е направено по двојното прекршување на постапката за...

Политичката неизвесност ги одложува бизнисите и ги активира отказите

Политичката неизвесност влијае врз работата на компаниите, така што некои од планираните активности тие ги одложуваат. Вистинските ефекти по бизнисот ќе се знаат по завршувањето на првото тримесечје од годинава. - Политичката неизвесност има влијание врз работата на бизнисите. Имаме најави од одредени наши членки...

Под лупа договорите на „Газпром“ со европските клиенти за испорака на гас

Европската унија сака да ги испита сите договри што рускиот „Газпром“ ги потпишал со европските компании, заради сомнеж дека се наметнати неправедни цени кои ги прекршуваат трговските прописи на ЕУ, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, повикувајќи се на интерен документ на Европската унија. Според пишувањата...

Пилотите и информатичарите најплатени во Македонија

Вработените во воздухопловниот транспорт имаат просечна плата од 68.166 денари, што е највисока во Македонија, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Mеѓу највисоките плати имаат компјутерските програмери, со просечна нето-плата од 50.097 денари, вработените во финансискиот сектор, односно во банките, каде што просекот...

Доколку се суспендира Шенгенскиот договор, државите тоа би ги чинело 110 милијарди евра

Доколку се врати контролата на границите во Европа во државите кои биле дел од шенгенската зона, тоа би ги чинело 110 милијарди евра во наредните десет години, соопшти „Франс стратеџи“, кој е официјален институт на француската влада. Шенгенскиот договор е главна централна точка на европските...

Цената на нафтата пониска од 30 долари за еден барел

Ценaта на нафтата денеска во Азија е пониска од 30 долари за еден барел, забележувајќи нов пад при очекувањето на дополнителен пораст на резерви во САД и на влошување на ситуацијата на и онака презаситениот глобален пазар. Трговците очекуваат дека извештајот на американското министерство за енергетика...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...