fbpx

ЕБРД: Финансиски пакет од 900 милиони евра за бегалската криза

-

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) соопшти дека ќе настојува да инвестира 900 милиони евра во рамките на меѓународните напори за решавање на бегалската криза.

– ЕБРД се приклучува во меѓународните напори во борбата против бегалската криза, која ја предизвика граѓанската војна во Сирија, со финансиски пакет чијашто вредност би можела да достигне 900 милиони евра и кој би го поддржал приватниот сектор и инфраструктурните проекти во некои од најзагрозените земји – се наведува во соопштрението на ЕБРД.

Меѓу државите во кои ЕБРД би инвестирала е Турција, која моментно згрижува 2 милиони бегалци од Сирија, додека бројот на бегалци од Јордан се проценува на 1,4 милиони.

Претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти, изјави дека банката ќе биде во состојба да обезбеди 500 милиони евра низ нови трансакции и собирање дополнителни 400 милиони евра во вид на грантови од донатори.

Се очекува на вечерашната донаторска конференција во Лондон, да бидат собрани средства во изност од 7,73 милијарди долари, колку што барале Обединетите нации за помош во Сирија, како и дополнителни 1,23 милијарди долари за помош на државите во регионите погодени од кризата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...