Извозот лани помал за околу 440 милиони евра во однос на 2014 година

-

Извозот во 2015 година изнесувал 4.489.934.000 долари, што е за 443.911.000 долари помалку во однос на 2014 година, кога изнесувал 4.933.845.000 долари, објави Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на увозот во 2015 година изнесува 6.399.867.000 долари, што е за 876.862.000 долари помалку во однос на 2014 година, кога изнесувал 7.276.729.000 долари.

Трговскиот дефицит во 2015 година е 1.909.933.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 70,2 проценти.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и од челик (валани производи).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...