ЕК: Економскиот пораст ќе биде поголем од лани

Економскиот пораст во еврозоната годинава ќе биде нешто повисок од минатата година, но помал од претходно проектираниот, соопшти денеска Европската комисија.

Брисел предвидува дека порастот во еврозоната годинава ќе изнесува 1,7 отсто, односно за 0,1 отсто понизок од претходно предвидениот и за толку повисок од минатата година.

Во целата Европска унија порастот годинава ќе биде 1,9 отсто, а следната се очекува да биде 2 отсто.

Еврокомесарот за економија и за финансии, Пјер Московичи, оцени дека европската економија зимава успешно ги надминала предизвиците со помош на евтината нафта, слабеењето на еврото во однос на доларот и со ниските каматни стапки, но оти нестабилното глобално опкружување претставува ризик.