Доколку се суспендира Шенгенскиот договор, државите тоа би ги чинело 110 милијарди евра

-

Доколку се врати контролата на границите во Европа во државите кои биле дел од шенгенската зона, тоа би ги чинело 110 милијарди евра во наредните десет години, соопшти „Франс стратеџи“, кој е официјален институт на француската влада.

Шенгенскиот договор е главна централна точка на европските интеграции, но под притисок на избирачите загрижени поради незапаметен прилив на мигранти од Африка и од Блискиот Исток, неколку влади вовеле привремена контрола на границите со другите земји.

Студијата на институтот „Франс стратеџи“ наведува дека трајното укинување на зоната на слободно движење ќе го намали обемот на туризам и на трговија и Европа тоа би ја чинело 0,8 проценти од вкупното економско производство во следните 10 години.

Франција тоа би ја чинело меѓу една и две милијарди евра краткорочно, а 10 милијарди евра во следните 10 години, што е 0,5 проценти од домашниот бруто-производ, наведуваат авторите на студијата.

– Долгорочно цената на постојаната гранична контрола би била еквивалентна на данокот од 3 проценти на трговијата меѓу земјите на шенгенскаата зона, што би довело до намалување на трговскиот обем меѓу 10 и 20 проценти – се вели во студијата.

Шест од 26 членки на шенген-зоната, вклучувајќи ја и Германија, повторно вовеле привремена контрола на границата поради доаѓање на стотина илјади мигранти во богатите земји на ЕУ.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...