сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Шенген | 29 резултати

ЕУРактив: Блокадата на „Шенген“ ги потхранува проруските наративи во Бугарија

декември 13, 2022

Одлуката на Холандија и Австрија да го блокираат влезот на Бугарија во Шенгенскиот договор ја засили реториката на проруските кругови, при што Костадин Костадинов, претседателот на популистичката партија „В’зраждане“ (Преродба), порачува дека „одлуката ја докажува лицемерноста на ЕУ, со тоа што таа ги сака само парите на Бугарија, а не и нејзините граѓани“, пишува Красен […]

„Србија Данас“ виде Голема Албанија и во средбата Заев – Рама

март 15, 2019

Практиката на некои српски веб-страници што претендираат да се нарекуваат медиуми да пласираат коментари во форма на вест, српската „Србија Данас“ вчера ја поттурна уште едно ниво надолу. Имено, пренесувајќи ја интегрално веста на српската државна новинска агенција „Танјуг“ за посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Тирана и за разговараното со неговиот албански колега […]

Борисов: Бугарската граница е најдобро чуван Шенген

јануари 12, 2018

Ако има подобра Шенгенска граница од нашата во Европа, самиот јас ќе кажам дека не сакам Бугарија да влезе во Шенген, порача денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција за медиумите во Софија денеска, по општата седница на Колегиумот на европските комесари и на бугарската влада, која се одржа еден ден по церемонијата почетокот на […]

Европскиот парламент го одобри воведувањето на системот за влез на странци

октомври 25, 2017

Заедничкиот електронски систем за регистрација на сите државјани на земји што не се во ЕУ при нивниот влез во шенген-зоната беше поддржан од Европскиот парламент на пленарна седница во Стразбур. Системот кој би требало да профункционира во 2020 година, односно Влез/излез-систем (Entry/Exit System -EES), ќе ги содржи името, копија од пасошот, отпечатоци од прстите, биометриска фотографија, […]

Бугарија и Романија добија пристап до информацискиот систем на Шенген

октомври 4, 2017

Европскиот парламент го поддржа предлогот на Советот на ЕУ, на Бугарија и на Романија да им се овозможи делумен пристап до базата на податоци за визите од информацискиот систем за шенгенскиот режим, јавија бугарските медиуми. Кога ќе биде изгласана од Советот на ЕУ, одлуката ќе им дозволи на двете држави да проверуваат информации во визниот […]

Новите шенгенски правила предизвикаа километарски колони на границите на ЕУ

април 15, 2017

Новите шенгенски правила за контрола на патниците предизвикаа проблеми на границите и на аеродромите, особено за време на продолжениот викенд за Велигден. Според новите правила, кои почнаа да се применуваат од 7 април годинава, контрола на патните документи се врши на сите лица без разлика дали се жители на Европската Унија или не се. Контролите […]

Радев: Не можеме да ја браниме Европа без Шенген

февруари 7, 2017

Бугарскиот претседател Румен Радев истакна дека Бугарија ги прави сите напори за да ги заштити нејзините надворешни граници и да ги заштити сите европски граѓани. Радев рече дека земјата се потпира на „поголема посветеност на сите земји членки на ЕУ“ во случај на засилување на мигрантскиот бран. – Исто така, Бугарија се потпира на поддршката […]

Европската комисија бара да се проверуваат сите што влeгуваат во шенген-зоната

ноември 16, 2016

Европската комисија денеска предложи претходна проверка за секој кој од трета земја влегува во шенген-зоната на Европската Унија, дури и ако земјата има безвизен режим. Со овој потег, ЕУ би применила сличен систем кој веќе постои во САД. Предложениот систем, ЕТИАС (Систем на ЕУ за информирање и за одобрување патувања) ќе биде сличен на американскиот […]

Европската Унија ќе го усвои безвизниот режим за Турција

мај 3, 2016

Европската комисија на Турција условно ќе ѝ одобри безвизен режим за шенгенската зона, објави денеска „Би-би-си“ повикувајќи се на анонимни извори. Официјалното соопштение за тоа Европската комисија ќе го објави утре, наведува британскиот сервис. Безвизниот режим за Турција е дел од договорот што го постигнаа официјален Брисел и Анкара, а во рамките на кој Турција се […]

Русија и Финска ќе ја затворат заедничката граница за мигранти

март 23, 2016

Финска и Русија се договорија да ја затворат за мигранти заедничката граница на север. Владата во Хелсинки денеска соопшти дека граничните премини Сала и Раја – Јосепи ќе можат да ги користат само граѓаните на Финска, Русија и на Белорусија. Договорот, кој е со траење шест месеци, објавен е еден ден по посетата на финскиот […]

Европската Унија ќе го објави планот за примена на слободно движење

март 3, 2016

Европската Унија утре ќе го објави нацрт-планот за повторна целосна примена на шенгенската зона за слободно движење, која е пред колапс зашто одредени земји, поради бегалската криза, воведоа погранични контроли. Планот подразбира итно формирање на систем за крајбрежна стража на ЕУ и зајакнување на надворешните граници со Грција, која е главна точка за влез на бегалците и […]

Туск – Иванов: Потребна е синхронизирана акција за решавање на проблемот со бегалците

март 2, 2016

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Како што соопштуваат од кабинетот на Иванов, на средбата се разговарало за напорите за постигнување заедничко европско решение за бегалската и мигрантска криза. Иванов го информирал Туск за најновите состојби, како и за мерките и за активностите што Македонија ги презема за справување […]

Туск: Европа треба да се врати кон политиката на отворени граници

март 1, 2016

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска по средбата со австрискиот канцелар, Вернер Фајман, рече дека Европа треба да се врати кон политиката на отворени граници. – Денеска отвораме нова страница во борбата со миграциската криза и таа се нарекува враќање на шенген-системот. Должни сме заедно да понесеме хуманитарни последици од нашата одлука – истакна Туск и […]

ЕУ ја предупреди Грција: Поправете се или го укинуваме Шенгенскиот договор

февруари 12, 2016

Европската унија формално ја повика Грција да ги „поправи сериозните празнини“ во своето дејствување на границата на шенген-зоната. Грција доби рок од три месеци да ја поправи и да ја усоврши контролата на своите граници или, во спротивно, ќе следуваат ригорозни санкции. Со ваквиот потег се најавува долгорочна суспензија на отворените граници во Европа поради бегалската криза. Извори […]

Доколку се суспендира Шенгенскиот договор, државите тоа би ги чинело 110 милијарди евра

февруари 3, 2016

Доколку се врати контролата на границите во Европа во државите кои биле дел од шенгенската зона, тоа би ги чинело 110 милијарди евра во наредните десет години, соопшти „Франс стратеџи“, кој е официјален институт на француската влада. Шенгенскиот договор е главна централна точка на европските интеграции, но под притисок на избирачите загрижени поради незапаметен прилив […]

Атина: Мигрантската криза полека работи во прилог на Македонија

февруари 2, 2016

„Постои опасност ние да останеме заглавени, а вистинската европска граница да стане БЈРМ. Во опасност сме да се најдеме со илјадници луѓе, бегалци и мигранти без документи, кои не можеме да ги контролираме и ние како држава немаме јасни приоритети и цели“, рече поранешниот шеф на грчката дипломатија и екслидер на ПАСОК, Евангелос Венизелос, во […]

ЕК: Нема опција за исфрлање на Грција од шенген-зоната

јануари 25, 2016

„Не постои план за исклучување на Грција од шенген-зоната, не е разговарано за суспендирање, ниту исклучување на членка на шенген-зоната. Такви опции нема според сегашните правила“, рече портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто, одговарајќи на новинарско прашање за можното исклучување на Грција од шенгенската зона и за зајакнувањето на контролите на границата со Македонија. – […]

Коѕиас негира дека Германија размислува да ја исклучи Грција од шенген-зоната

јануари 24, 2016

За ситуацијата со бегалската криза, вчера во Берлин разговараа шефовите на грчката и на германската дипломатија, Никос Коѕиас и Франк Валтер Штајнмајер. Грчкиот министер од Берлин ги демантираше информациите за привремено грчко исклучување од шенген-зоната и идејата да се затвори македонската граница и бегалците да останат заглавени во Грција, тврдејќи дека неговите контакти со Штајнмајер покажале […]

Туск: Шенген-зоната ќе пропадне ако не се справиме со бегалската криза

јануари 19, 2016

Европа за помалку од два месеци треба да ја стави под контрола бегалската криза, во спротивно ќе дојде до пропаѓање на шенген-зоната, оцени денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. – Немаме повеќе од два месеца работите да ги ставиме под контрола-  изјави Туск во Европскиот парламент, додавајќи дека во спротивно, ќе се случи колапс […]

ЕУ: Решението на бегалската криза е во побрза распределба на бегалците

декември 5, 2015

Претседателството на Европската унија ја отфрли идејата за исклучување на Грција од шенген-зоната поради нејзините тешкотии да се справи со приливот на бегалци, јави БТА. Решението на бегалската криза лежи во побрзо спроведување на планот за редистрибуција на бегалци од Италија и од Грција во другите земји од ЕУ, изјави по средбата на министрите за […]

Страна 1 од 2