fbpx

Случајот „Ровер“ вторпат падна на Апелација, ќе има ново судење

Скопскиот Апелациски суд вторпат ја укина пресудата на првостепениот суд за случајот „Ровер“ и го врати предметот на повторно судење. Основниот суд Скопје 1, вчера го примил решението на Апелацискиот суд во врска со предметот, соопштија од скопскиот кривичен суд. „Второстепениот суд ги разгледал жалбените...

Скопјанец и прилепчанец осомничени за продажба на дрога во Охрид

Охридската полиција поднела кривична пријава против две лица, од Скопје и од Прилеп, осомничени дека препродавале дрога на локални наркозависници и на туристи, информираат од полицијата. Според пријавата, осомничените Г.С. (30) од Прилеп и Ф.Ј. (21) од Скопје, се товарат за неовластено производство и пуштање...

Обвинителството ја продолжува истрагата за Диво Насеље

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во досегашното расветлување на настанот од 9 мај годинава, кој се случи кај кумановско Диво Насеље, прибра дел од доказите, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство. „Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација...

Десетици загинати и ранети во експлозија во труски град на границата со Сирија

Најмалку 10 лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија во културен центар во југоисточниот турски град Суруч, во близина на границата со Сирија. Весникот „Туркиш стар“ јавува дека експлозијата однела 30 животи, додека порталот „Туркијегазетеси“ наведува дека најмалку 45 лица се повредени во експлозијата,...

Повеќе од 30 лица починале од токсичен алкохол

Индиската полиција соопшти дека повеќе од 30 лица починале од консумирање илегално произведен алкохол во Мумбаи. Бројот на жртвите достигнал до 33, еден ден откако жителите на овој финансиски центар консумирале евтин пијалак. Осумнаесет лица починале синоќа, само неколку часа откако го испиле илегалниот алкохол. Другите...

Првиот сериски произведен електричен автомобил, од денеска и кај нас

„Мицубиши i-MIEV“ е првиот сериски произведен електричен автомобил во светот, со првиот произведен модел во 2009 година, а од денеска „Мак аутостар“ го направи овој автомобил достапен и за македонските граѓани. Станува збор за помало градско возило со иновативен и футуристички дизајн, кое благодарение на напредната...

Пациентите два месеци оставени без лекот „синтром 4“

Веќе два месеци пациентите од Македонија што го користат лекот „синтром 4“ од швајцарската компанија „Новартис“ не можат да го набават поради тоа што нема увоз. Тие се жалат дека во ниту една аптека го нема, а им е неопходен и многу потребен за нивното здравје. - Со...

Приведен странски државјанин поради фалсификувани пасош и возачка дозвола

Албански државјанин, пред три дена, бил приведен на граничниот премин Свети Наум, поради сомневање дека пасошот и возачката дозвола му се фалсификувани. Како што информираат од полицијата, против М.Д. (31) била поднесена кривична пријава за фалсификување исправа. Судија на претходна постапка, на странскиот државјанин му одредил...

Премиерот Груевски ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Италија, Бугарија и на Унгарија

Премиерот Никола Груевски денеска ќе се сретне со Паоло Џентилони, министер за надворешни работи на Италија, Даниел Митов, министер за надворешни работи на Бугарија, и со Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија. Средбите се одржуваат во рамки на Министерскиот состанок на министрите за...

Словенија: Казни за уредниците за навредливи коментари

Новиот словенечки закон за медиуми налага уредниците да ги бришат навредливите коментари кои шират говор на омраза, а ако тоа не го направат во најкраток можен рок, предвидени се санкции, односно глоба за главните уредници во висина од 500 до 5.000 евра. Станува збор за...

Единаесет смртни казни за навивачи од Египет

Судот во Египет денеска осуди 11 мажи на смртна казна поради учество во насилство на фудбалскиот стадион во 2012 година. Еден е осуден во отсуство. Седумдесет и четири лица загинаа во судирите и во стампедото на стадионот во Порт Саид во 2012 година, откако навивачите...

Сеул ја потврди седмата жртва на БИРС

Министерството за здравство на Јужна Кореја денеска потврди дека починал и седмиот пациент од инфекцијата со вирусот блискоисточен респираторен синдром (БИРС). Во соопштението се наведува дека Министерството реагирало на уште осум нови случаи, со што вкупниот број на заразени се искачил на 95. Корејските власти во...

Самитот Г7 за тероризмот и за климатските промени

Тероризмот и климатските промени се главна тема на вториот ден од самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји, што се одржува под Баварските Алпи. Во Германија се собраа лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Италија, Јапонија, САД и домаќините. Денеска ќе им се придружат и ирачкиот премиер...

Повеќе од 300 изведувачи ќе настапат на фестивалот „Пеце Атанасовски“

Собранието на фестивалот „Пеце Атанасовски“, денеска, на состанок во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, ја детализираше годинашната програма, која ќе го врати и традиционалното дефиле на учесниците во центарот на Прилеп. Според претседателот на Собранието, проф. д-р Илчо Јованов, фестивалот ќе донесе богата програма. - На...

ЕУ ги продолжи санкциите за тројца поранешни функционери на Украина

Европската унија денеска ги продолжи рестриктивните мерки за тројцата украински државјани кои се осомничени за финансиски измами за време на владеењето на поранешниот претседател Виктор Јанукович, објави службениот весник на Европската унија. Во службениот весник на ЕУ се наведува дека се продолжени санкциите за поранешните министри...

Авион на „Ер Франс“ принудно слета во Русија

Авион од типот „боинг 777“ на француската компанија „Ер Франс“, кој летал од Токио за Париз, поради дефект на моторот, принудно следат во Кабаровск, руски град на Далечниот Исток. Портпаролката на аеродромот во Кабаровск, Наталија Цветкова, соопшти дека при слетувањето никој не е повреден. - Авионот...

Москва негира дека црната листа е политички мотивирана

Заменик-шефот на руската дипломатија, Алексеј Мешков, ги отфрлил критиките на Западот дека „црната листа“ на која се наоѓаат 89 политичари од 17 европски земји, е политички мотивирана. Мешков изјави дека единствена цел на листата е да се „олесни животот на оние кои се наоѓаат на...

Русија не се откажува од Крим и од Севастопол

Можноста Русија да се откаже од Крим и од Севастопол е целосно отфрлена, а притисокот со санкциите кон Москва е залуден, рече денеска претседателот на руската Дума, Сергеј Наршикин. - Многумина велат дека санкциите ќе бидат укинати доколку Русија се откаже од Крим и од...

СОЗР: Владиниот авион имаше „настан“, а не „инцидент“

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија (СОЗР) ја извести јавноста за првичните информации во врска со проблемот што се појави при летот на владиниот авион од Стразбур до Скопје, пренесува „Утрински весник“. Соопштението доаѓа по одговорите од циришките воздухопловни власти дека...

Почна Парламентарното собрание на НАТО во Будимпешта

Пленарното заседание на Парламентарното собрание на НАТО, на кое треба да се усвои нацрт-декларацијата на ова меѓународно тело за проширување на алијансата, почна во Будимпешта. Претседателот на македонското собрание, Трајко Вељаноски, учествува на денешното заседание и ќе има свое обраќање. Нацрт-декларацијата ја подготви шефот на унгарската...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...