fbpx

Словенија: Казни за уредниците за навредливи коментари

-

Новиот словенечки закон за медиуми налага уредниците да ги бришат навредливите коментари кои шират говор на омраза, а ако тоа не го направат во најкраток можен рок, предвидени се санкции, односно глоба за главните уредници во висина од 500 до 5.000 евра.

Станува збор за нацрт-закон кој е во фаза на јавна расправа.

Воведувањето санкции и бришењето коментари на читатели и на слушатели, Министерството за култура, кое е предлагач на законот, ја образложи потребата за намалување на појавата на говор на омраза, особено на интернет-платформите.
Ако новиот закон за медиуми биде потврден од парламентот, во кој партиите од коалицијата на Мире Церера имаат големо мнозинство, уредниците ќе мора да објават јасни правила кои ќе наведуваат кои коментари на нивните текстови се коректни, а кои не се.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...