Екстерното заврши, следува период на приговори

-

Со завршување на школската година и со почетокот на летниот распуст, завршува и долго оспоруваниот процес на екстерно тестирање во основните и во средните училишта.

Во процесот беа опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници од четврто одделение до трета година средно.

– Процесот, како и во изминатите години, е полн со нелогичности, технички пропусти во тестовите, но и со немање струја или интернет во некои од училиштата за време на тестирањето. Исто така, има прашања кои се со празни одговори или прашања кои се поставени на еден јазик, а одговорите на друг јазик. Средношколците се жалат и дека дел од прашањата имаат и нелогични одговори, но и дека не е запазен литературниот јазик. Генералната оцена е дека екстерното тестирање, откако е воведено, оваа година е најлошо досега, а тоа го потврдуваат и големиот број поплаки што ги добиваме од средношколците – вели Александар Милески од „Средношколски пленум“.

Тој додава дека очекуваат значителен број жалби и приговори откако ќе бидат објавени резултатите од тестирањето. Средношколците кои се чувствуваат оштетени од резултатите, можат да побараат својот тест на увид за што треба да платат одредена сума пари кои им се неповратни, дури и кога се во право.

Според процедурата, по објавување на резултатите, приговорите се поднесуваат до испитната комисија во школото, а тие ги испраќаат до Државниот испитен центар.

– Екстерното тестирање генерално помина како што треба. Директорката на 15 јуни ќе има прес-конференција на која ќе даде повеќе детали за годинешното тестирање – вели Емилија Угриновска од ДИЦ.

Од кабинетот на министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, велат дека откако ќе бидат објавени резултатите и откако ќе се одлучи по приговорите, министерот ќе излезе со свое видување за процесот.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...