недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: екстернотестирање | 22 резултати

Средношколците в среда на протест

октомври 15, 2015

„Средношколски пленум“ за среда најави протест бидејќи, како што велат, надлежните не ги слушаат нивните барања за промени што ќе го подобрат образованието. Средношколците бараат нов концепт за полагање државна матура и укинување на екстерното тестирање. Протестот ќе почне во 12.30 часот пред фонатата во Градски парк, по што средношколците ќе се упатат кон Министерството за образование […]

Не поминаа предлог-законите на опозицијата за укинување на екстерното тестирање

октомври 7, 2015

Пратениците од власта денеска не ги поддржаа предлог-законите на опозцијата за изменување на законите за основно и за средно образование со кои опозицијата бараше да се укине екстерното тестирање. Според опозициските пратеници, со досегашното спроведување на екстерното тестирање наместо да се подобри квалитетот на образованието, состојбите се влошиле. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, истакнаа дека екстерното […]

Богоев: Ако не сега, екстерното ќе се укине во април

октомври 6, 2015

Денеска на дневен ред во Собранието беше предлогот на опозицијата за измена на Законот за основно образование, поднесен од пратеничката група на опозицискиот СДСМ, со кој се бара укинување на екстерното тестирање. Пратеникот на СДСМ и претседателот на социјалдемократската младина, Стефан Богоев, рече дека власта се плаши од студените и цел месец не одговара на нивните […]

Сугарески: Зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да го каже мислењето за екстерното и за минималната плата

септември 28, 2015

Предлозите на СДСМ за екстерното тестирање, минималната плата, буџетските измени со кои граѓаните треба да знаат колку и на што се трошат нивните пари, се ставени како последни точки на дневниот ред на собраниската седница. – Нашите предлози беа доставени во Собранието на 3 септември, а Владата своите прелози кои се на дневен ред на […]

Жестока комисиска дебата за укинување на екстерното тестирање

септември 21, 2015

Владејачкото мнозинство не го прифати предлогот на опозицијата за укинување на екстерното тестирање. По долга дебата, членовите на Комисијата за образование не ги приближија ставовите за измените на Законите за основно и за средно образование. Рената Дескоска од СДСМ смета дека екстерното тестирање треба целосно да се укине поради штетните последици што ги предизвика во изминатите […]

Просечната оцена од екстерното тестирање е 3,26

јуни 25, 2015

Просечната оцена од екстерното тестрање е 3,26, а учениците ќе можат да поднесуваат приговори до училишната комисија од утре, 26 јуни, па сè до 30 јуни, кога ќе имаат право на увид во тестот, соопшти Државниот испитен центар. Минатата година просечната оцена на постигнување беше 3,6. Најдобри постигнувања на екстерното тестирање имаат општините Центар, со […]

Екстерното заврши, следува период на приговори

јуни 10, 2015

Со завршување на школската година и со почетокот на летниот распуст, завршува и долго оспоруваниот процес на екстерно тестирање во основните и во средните училишта. Во процесот беа опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници од четврто одделение до трета година средно. – Процесот, како и во изминатите години, е полн со нелогичности, технички пропусти […]

„Средношколски пленум“ ги прозва Адеми и МОН за грешките на екстреното тестирање

јуни 6, 2015

„Средношколски пленум“ јавува дека за време на годинешново екстерно тестирање се забележани бројни нерегуларности, нелогичности и технички пропусти. Пленумот вели дека во неколку случаи, прашањата од екстерното тестирање се поставени на албански, а одговорите на македонски, а во еден случај и на англиски. Од пленумот велат дека добиле бројни поплаки, поради што го прашаа министерот […]

„Средношколски пленум“: Екстерното тестирање има голем број нерегуларности

јуни 5, 2015

Екстерното тестирање има голем број нерегуларности и технички пропусти, а поради тоа учениците ќе бидат оштетени и деградирани, велат од „Средношколски пленум“. – Четврти ден како една од најлошите реформи во образованието во Македонија се спроведува и оваа година. Голем број нерегуларности, нелогичности, технички пропусти го следат овој процес и оваа година, за што до […]

Екстерното тестирање почна денеска и ќе трае до 10 јуни

јуни 2, 2015

Денеска почна екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, кое ќе трае до 10 јуни. Учениците за наставните предмети се информирани три дена пред датумот на полагање преку интернет-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, каде се истакнати и распоредите за полагањето. На страницата има вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски […]

Екстерно: Истокот комплетно се тестира, западот делумно бојкотира

јануари 27, 2015

Генералниот штрајк на просветните работници трае, а членовите на СОНК не учествуваат во екстерното тестирање, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК. – Штрајк има во цела Македонија. Ние одиме на работа, но не ги извршуваме работните обврски. Колегите кои се членови на СОНК се во штрајк и тие, аналогно на тоа, нема да учествуваат во […]

Во техничкото во Битола, само пет ученици се тестирале

јануари 27, 2015

Заменски наставници кои не се избрани на наставнички совет го вршат екстерното тестирање во дел од училиштата во Битола, обвинуваат од регионалнта канцеларија на СОНК. Директори на повеќе училишта во градот, отакако увиделе дека стапиле во штрајк професорите кои се избрани на наставнички совети да го вршат тестирањето, веднаш нашле други лица да го спороведуваат […]

МОН: Дополнителни термини за тестирање на дел од учениците

јануари 26, 2015

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека процесот на екстерното тестирање е целосен и успешен во училиштата во Скопје, Македонски Брод, Богданци, Валандово, Берово, Виница, Делчево, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Демир Хисар, Маврово – Ростуше, Липково, Штип, Свети Николе, Врапчиште, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Охрид, Кочани, Велес, Струга, Битола, Крушево, Кратово, Центар Жупа, […]

Екстерното делумно се бојкотира, штрајкот делумно продолжува

јануари 26, 2015

Денеска почна екстерното тестирање на ученциите од трета и од четврта година во средните училишта. Поради штрајкот на СОНК, кој трае речиси една недела, во некои училишта екстерно воопшто не се спроведува, а во други го спроведуваат заменски наставници. – Во средните училишта „Зеф Љуш Марку“ и „Арсени Јовков“ има бојкот од страна на учениците […]

И средношколците формираат свој пленум

јануари 26, 2015

Сплотено против реформите кои нè направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно затоа што тишината не е решение! Поттикнати од идејата за основање младинско тело кое на едно место ќе ги обедини сите средношколци од Република Македонија, членовите на Иницијативата за основање Средношколски пленум ја информираат јавноста, средношколците, граѓаните, дека во тек се подготовки за […]

„Студентски пленум“: Министрe, го слушнавте ли гласот на 10.000 студенти?

декември 17, 2014

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ си заминаа по два часа чекање пред Министерството за образование, каде зад затворени врати министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и заменик-министерот, Спиро Ристовски, имаа работна средба со деканите на педагошките факултети. Средбата беше префрлена во последен момент, па наместо најавената јавна дебата по повод предложените предлог-закони која […]

Груевски: Екстерно тестирање нема да има, се разгледува воведување државен испит

ноември 23, 2014

Екстерно тестирање во високото образование не се планира и нема да има, туку она што се разгледува е воведување државен испит, рече премиерот Никола Груевски во вчерашното интервју за дневникот на телевизија „Сител“. Како што појасни премиерот , државниот испит има цел да го унапреди квалитетот на високото образование и да се стави крај на […]

Лутовски: Проблемите на студентите се многу, но екстерното ја прелеа чашата

ноември 23, 2014

„Екстерното тестирање, за жал, не е единствениот проблем на студентите и ние немаме некоја култура на протестирање. Но, ете, екстерното тестирање беше некоја точка на вриење за некоја плодна студентска мобилизација“, вели Дејан Лутовски од студентската неформална организација „Студентски пленум“ во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. Според Лутовски, воопшто не значи дека доколку се […]

Страна 1 од 1