fbpx

СОЗР: Владиниот авион имаше „настан“, а не „инцидент“

-

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија (СОЗР) ја извести јавноста за првичните информации во врска со проблемот што се појави при летот на владиниот авион од Стразбур до Скопје, пренесува „Утрински весник“.

Соопштението доаѓа по одговорите од циришките воздухопловни власти дека немаат информации за некаков инцидент или принудно слетување на владиниот авион.

Во соопштението на СОЗР се вели:

„Во фаза на качување височина на летот од Стразбур за Скопје, екипажот на авионот „лирџет 60“ забележал проблем на системот за пресуризација.

Капетанот на авионот постапил во согласност со протоколите за превентивно дејствување и во согласност со чек-листата, при што заради безбедносни причини, одлучил најпрвин да ја намали висината на авионот, а летот веднаш да го пренасочи кон најблискиот аеродром, во овој случај Цирих, и тоа во координација со надлежната контрола на летање.

По намалувањето на висината на соодветно ниво и стабилизирање на притисокот во кабината и стабилизирањето на авионот, капетанот на авионот мериторно оценил да не декларира итност (emergency), но заради појавениот проблем и од превентивни причини, побарал слетување и во согласност со протоколот слетал на аеродромот во Цирих.

Во авијациската терминологија, проблемите кои се јавуваат во текот на летот на авионот се класифицираат во согласност со одредена градација (степенување), како што се настан (occurance), инцидент (incident), сериозен инцидент (serious incident) и несреќа (accident).
Шпекулациите кои се појавија во некои медиуми, а кои имплицираат дека наводно не се случил проблем на летот на владиниот „лирџет“, и кои веројатно се предизвикани од лаичкото толкување на стручната терминологија или, пак, заради помешување на секојдневната со стручна терминологија, ги демантираме.

На летот на владиниот „лирџет“ од Стразбур кон Скопје се појавил и бил констатиран проблем, за кој потоа се испоставило, во согласност со стручната терминологија, дека бил настан (occurance) и, за среќа, не бил инцидент (incident) и затоа и авионот превентивно се приземјил на циришкиот аеродром, каде по слетувањето пилотите имале средба со надлежните лица од циришкиот аеродром.

Проблемот потоа бил пријавен и кај овластениот сервисер „Аеро-динст“ во Нирнберг, по што авионот се упатил кон Нирнберг применувајќи ги протоколите за безбеден лет во овие околности, односно лет на помала височина.

Во согласност со Уредбата за принципите по кои се води истражувањето на несреќи, сериозни инциденти, инциденти и настани на цивилни и на државни воздухоплови, како и начинот на нивно пријавување, капетанот на воздухопловот е должен секој настан да го пријави во рок од 72 часа од моментот на настанот, што во овој случај е направено и предадено на претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство“.

Службата во сооштението апелира на „одговорно однесување при известувањето во врска со овој случај и внимателност при пренесувањето и толкувањето на стручните термини кои се во врска со него, како и на фактите и околностите во врска со случајот“.

Претходно од Цирих за „Мета“, на прашањето по електронска пошта дали имаат детали за принудното слетување на владиниот авион во Цирих и дали и кој му дал одобрување на авионот потоа да полета на сервисирање во Нирнберг, известија: „Во моментов, во Сојузната канцеларија за цивилна авијација (FOCA) немаме известување за инцидент или какви било дополнителни информации. Исто така, не знаеме дали станувало збор за вистинско принудно слетување или слетување поради безбедносни причини“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...