fbpx

Скопјанец и прилепчанец осомничени за продажба на дрога во Охрид

-

Охридската полиција поднела кривична пријава против две лица, од Скопје и од Прилеп, осомничени дека препродавале дрога на локални наркозависници и на туристи, информираат од полицијата.

Според пријавата, осомничените Г.С. (30) од Прилеп и Ф.Ј. (21) од Скопје, се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Судија на претходна постапка на осомничените им одредил мерка притвор од 30 дена.

Според полицијата, првоосомничениот Г.С. пред околу една недела набавил поголемо количество таблети екстази, амфетамин и хашиш, кои потоа ги препакувал во мали количества „за продажба на наркоуживатели од подрачјето на Охрид, но и на други лица – туристи, особено посетители на техно-забави кои се одржуваат во Охрид“.

Во неделата, при претрес на соба во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, што ја користел Ф.Ј., била најдена кеса со околу 50 таблети екстази, со лого „мерцедес“, едно најлонско пакување со бела прашкаста материја ставена во целофан и други предмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...