fbpx

Самитот Г7 за тероризмот и за климатските промени

-

Тероризмот и климатските промени се главна тема на вториот ден од самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји, што се одржува под Баварските Алпи.

Во Германија се собраа лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Италија, Јапонија, САД и домаќините.
Денеска ќе им се придружат и ирачкиот премиер Хајдар ал Абади и нигерискиот претседател Мумамаду Бухари за да ги разгледаат заканите од терористички групи, како што е Исламска држава, која контролира големи делови од Ирак и од Сирија, а се појавија и во Либија, како и Боко харам, која освен за Нигерија, претставува закана и за нивните соседи.

Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера соопшти дека Велика Британија ќе испрати уште 125 војници во Ирак за да им помогнат на локалните сили.

На првиот ден од самитот доминираше кризата во Украина. Барак Обама и Ангела Меркел се согласија санкциите за Русија да останат на сила сè додека целосно не се исполни спогодбата за прекин на огнот, која во февруари беше потпишана во Минск и додека Русија не го почитува територијалниот интегритет на својот сосед.
На крајот на самиот се очекува да се потпише заедничка декларација за Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...