fbpx

Смртта на доктор Фулер не е поврзана со нејзиниот позитивен став кон ковид вакцините

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот и се наведува јавноста да поверува дека вакцината против ковид-19 или наклонетиот став кој доктор Фулер го имала кон вакцината, на некој начин е поврзан со нејзината смрт. Тоа не е точно. Според Медицинскиот факултет на...

Православните христијани денеска го слават Божиќ

Православните христијани денеска го слават Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос. Во македонските храмови низ целата земја се одржуваат литургии, а централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде богослужеше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот...

Фотографијата не е снимена на Месечината, туку на Земјата за време на тренинг

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот и не се наведува дека фотoграфијата што се споделува воопшто не е снимена на Месечината, туку на Флорида, за време на вежби, односно тренинг пред мисијата воопшто да започне – во нејзината подготвителна фаза. Затоа и...

Премиерот Ковачевски го честиташе големиот христијански празник Божиќ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на сите православни верници им го честиташе големиот христијански празник, Божиќ. Во честитката, Ковачевски вели дека во духот на денешниот празник е да се потсетиме на неговата симболика - да сакаме, да почитуваме, да простуваме, да помагаме и да подаваме...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г....

Смртта на Пеле и папата Бенедикт не е поврзана со ковид вакцините

Информацијата за смртта на папата Бенедикт дојде деновиве откако претходно папата Франциск побара од верниците да се молат за него, информирајќи дека е многу болен. Неговото здравје се влошуваше некое време. Точно е дека тој примил три вакцини против ковид-19, меѓутоа уште во 2021...

Одбележување на Бадник во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје (Галерија)

Стотици граѓни денес присуствуваат во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје за да го одбележат денот пред раѓањето на Исус Христос – Бадник. Бадниковата поворка започна со празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства беа пречекани со настапите...

Дигитализација во РСМ во 2022 година: Далеку се услугите со еден клик, цената за тоа ја плаќаат граѓаните

Предизвикот со кој продолжува да се соочува Северна Македонија се реформите во областа на дигитализацијата, поточно напредокот за да биде во чекор со најновите случувања за подобрување на животот на граѓаните, нудејќи им квалитетни, брзи и ефикасни услуги. Во време кога светот и западните...

Ковачевски пречека коледарчиња: Убавата песна ни донесе радост во домот, честит Бадник

Утрово убавата коледарска песна ни донесе радост во домот. Ова се убави денови во кои е испреплетена традицијата, љубовта, верба во добрината, милостивоста, напиша на својот фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски. „Честит Бадник! Најрадосниот христијански празник да го дочекате во радување, сплотени, со желба оваа...

Морбилите се многу сериозна болест, а вакцините спасуваат животи

Наспроти тврдењето во постот дека морбилите (малите сипаници) не се болест, станува збор за многу заразна болест предизвикана од вирус. Според ИЈЗ оваа болест останува една од водечките причини за смрт кај малите деца на глобално ниво, и покрај достапноста на безбедна и ефикасна...

Полски научници развија батерија за телефон што се полни за осум минути и трае 68 години

Полски научници од компанијата The Batteries, кои бараат алтернатива на традиционалните литиум-јонски батерии кои доминираа на пазарот во последните 25 години, создадоа нов батерија за телефон која се полни од 0 до 100 проценти за само осум минути. Она што е уште поинтересно е...

МВР: Уставен суд и аеродромот во Скопје добиле лажни дојави за поставени бомби

Министерството за внатрешни работи ја извести јавноста дека по дојави за поставена експлозивна направа во Уставен суд и аеродромот во Скопје направени се сите потребни проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пораки. „Од страна на полициските службеници веднаш се преземени соодветни мерки...

Гир порачува политичарите и општеството годинава да се фокусираат на реформите

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир им порача на граѓаните и на политичарите во новата година да се фокусираат на исполнување на реформите кои се неопходни за влез на земјава во ЕУ. Евроамбасадорот Гир порача дека ваквата цел бара обединување на политичарите од...

МНР не гледа незаконска промоција со јавни пари во медиумите, но ќе ја прекине кампањата

По реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) дека медиумската промоција на Министерството за надворешни работи (МНР)  за претседавањето со ОБСЕ со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи, МНР излезе со соопштение дека овој потег не е спротивен на законските...

Воз удри во комбе на преминот кај фабриката „Порцеланка“ во Велес, повредени 10 лица

Денес на пладне, воз удрил во патничко такси комбе полно со патници од Чашка на преминот кај фабриката „Порцеланка“ во Велес. Според полицијата во несреќата со повреди се здобиле десет патници кои биле пренесени во велешката болница. „Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес...

За една година се дигитализирани сите ракописи од Институтот „Крсте Петков Мисирков“

Бележиме исполнето ветување на Министерството за култура за забрзано дигитализирање на старите ракописи од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Севкупната архива на овој Институт е дигитализирана за половина од ветениот рок од две години, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Анализа: Кои функционери и институции колку ги користеле социјалните мрежи во 2022 година?

Статус кво и пад во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и институции во 2022 година, покажа анализата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). 115 од 120 пратеници биле присутни на најмалку една социјална мрежа, 20 од 21 министри...

Во Пекинг пациенти болни од ковид примаат кислород во ходници зашто нема кревети

На носилки во болничките ходници лежат пациенти, главно повозрасни, или земаат кислород додека седат во инвалидски колички, бидејќи ковид-19 зема замав и ги  намали ресурсите на јавните здравствени установи во главниот град на Кина, Пекинг, јавува Асошиејтед прес. Болницата Чуијанглиу на истокот на градот, во...

МЖСПП: Надминат прагот на алармирање во Битола, прекинат во Кичево и Гостивар

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека прагот на алармирање за присуство на ПМ-10 честички во воздухот е надминат во Битола на мерното место Битола 2, а во исто време прагот на алармирање е прекинат во Кичево и Гостивар. „Согласно Уредба за...

ЗНМ: Медиумската промоција на МНР со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на постапката на Министерството за надворешни работи, кое преку претходно спроведена јавна набавка, инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни медиуми за промоција на претседавањето со ОБСЕ. „Според јавно достапните информации МНР ќе потроши околу 100.000 евра...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...