fbpx

МНР не гледа незаконска промоција со јавни пари во медиумите, но ќе ја прекине кампањата

-

По реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) дека медиумската промоција на Министерството за надворешни работи (МНР)  за претседавањето со ОБСЕ со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи, МНР излезе со соопштение дека овој потег не е спротивен на законските практики.

Од МНР велат дека претседавањето со ОБСЕ претставува најголемиот надворешно-политички проект со кој Северна Македонија ќе се претстави во меѓународната јавност и истиот има значење и влијание и за внатрешно-политичкиот развој на земјата.

„Како што веќе информиравме, ангажирање на агенција за време на претседателството со ОБСЕ претставува редовна работа за секој Претседавач со организацијата, и активностите кои се предвидени не се за пи-ар, туку за организиран пристап кон предизвиците за стратешко комуницирање на земјата како земја – претседавач со најголемата регионална безбедносна организација. Покрај Стратешкото комуницирање, ангажирањето на Агенцијата во најголем дел се однесува за поддршка на Министерскиот совет, комплексен проект кој предвидува организирано присуство и активности на над 70 делегации од целиот свет, кои се очекува да бидат предводени на највисоко дипломатско ниво, на ниво на Министри за надворешни работи“, се вели во соопштението на МНР.

Од министерството појаснуваат дека во рамките на првите денови од преземањето на претседателството со ОБСЕ биле привремено поставени веб-банери кои се од информативно-едукативен карактер и дека преку истите на ниту еден начин не се промовира МНР ниту неговата работа.

„Овој потег не е во спротивност на активните законски практики и членот 102 од Законот за АВМУ за пласирање средства кај радиодифузерите“, велат од МНР.

Сепак, од министерството рекоа дека по сугестијата која денес дојде од ЗНМ, предвидената еднонеделна кампања преку користење веб-банери ќе биде прекината.

Дополнително, МНР вели дека во интерес на транспарентното работење, евентуалните идни активности од комуникациски аспект ќе бидат правени во координација со новинарските здруженија и другите претставници на граѓанскиот сектор.

ЗНМ: Медиумската промоција на МНР со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...