fbpx

Одбележување на Бадник во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје (Галерија)

-

Стотици граѓни денес присуствуваат во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје за да го одбележат денот пред раѓањето на Исус Христос – Бадник.

Бадниковата поворка започна со празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства беа пречекани со настапите на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут).

По концертот присутните преку Камениот мост се упатија кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, каде што сите коледарчиња беа дочекани и дарувани од неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Пред присутните се обратија градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, здравичарот Иванчо Стефков, бадникарскиот кум за 2023 година Мојсо Мојсовски и кумовите Драган Спасов Дац и Александар Митевски.

Свечени бадникови поворки со стотици деца денес се организираа во вкупно 62 градови и населени места во земјава

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.