fbpx

Воз удри во комбе на преминот кај фабриката „Порцеланка“ во Велес, повредени 10 лица

-

Денес на пладне, воз удрил во патничко такси комбе полно со патници од Чашка на преминот кај фабриката „Порцеланка“ во Велес. Според полицијата во несреќата со повреди се здобиле десет патници кои биле пренесени во велешката болница.

„Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка. Во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес“, соопшти Министертвстото за вматрешни работи.

Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, во изјава за ТВ Клан рече дека во сообраќајката се повредени повеќе лица, односно 12 лица. Но, тој истакна  дека во сета несреќа, среќата била на страната на патниците, зашто поминале со полесни повреди. Патниците, според Стојановски, од Велес си оделе кон своите домови во селата Мелница и Чашка кога се случила несреќата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...