fbpx

Мијатовиќ: Затворањето на Кежаровски е порака за застрашувачка цензура во Македонија

Високиот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, на својот твитер-профил напиша дека затворањето на новинарот Томислав Кежаровски е опасен преседан за слободата на медиумите во Македонија, пренесува порталот „Локално.мк“. Таа вели дека „одлуката на скопскиот суд да се испрати новинарот Кежаровски во...

Медарски: Кежаровски е однесен во затвор без да се запази процедурата

Новинарските здуженија се шокирани и скандализирани од брзината со која новинарот Томислав Кежаровски е префрлен во затвор, само еден ден по пресудата од Апелацискиот суд во Скопје. Според претседателката на Синдикатот на новинари, Тамара Чаусидис, за настаните од вечерва се информирани и сите меѓународни организации,...

Белгија: Полицијата била мета на убиените осомничени џихадисти

Сè уште тече истрагата во џихадистичките кругови во Белгија по вчерашниот упад во пекарница во градот Вервие, во кој, наводно, се криеле џихадисти вратени од Сирија. Полицијата во акцијата уби две лица, кои сè уште не се идентификувани. Третото лице беше приведено, неговиот идентитет не...

20 терористички ќелии подготвуваат напади во Европа

Околу 180 лица од најмалку 20 терористички ќелии, кои допрва треба да бидат активирани, се подготвени да извршат терористички напади во Франција, Германија, Белгија и во Холандија, јавува американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на западни разузнавачки извори. Разузнавачките агенции од ЕУ и тајните служби...

„Јас сум Кежаровски“: Новинарите се солидаризираа со својот колега

Со транспаренти „Јас сум Кежаровски“, напишани на француски, како аналогија на манифестирањето солидарност по масакрот во „Шарли ебдо“, македонските новинари и новинарски задруженија денеска пред Апелацискиот суд го искажаа својот револт од пресудата на судот со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две...

Реакции: Скандалозна и политичка е одлуката за казната на Кежаровски

„Скандалозна и политичка, а не судска одлука“ е ставот на новинарските здруженија и на новинарите по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд, со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна за случајот „Ликвидација“, во кој беше обвинет за откривање на...

И СОНК доби „контра-СОНК“

По најавите на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за штрајк на просветните работници денеска се појави и „контра-СОНК“, група наставници, членови на синдикатот кои бараат да биде откажан закажаниот штрајк. Тие сметаат дека барањата на СОНК се нереални и велат дека немаат доверба...

Придонеси ќе се плаќаат само на хонорари над минималецот

Ако месечните хонорари како вработен не ви ја надминуваат просечната плата од 9.590 денари, нема да морате да плаќате за дополнително социјално осигурување, појасни денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, кажа дека Министерството не...

Собранието го усвои Законот за високо образование

По неколкучасовна расправа, пратениците во Собранието  со 67 гласа „за“ и со девет „против“, ги усвоија промените во Законот за високо образование, со кои се предвидува воведување државен испит и се менуваат критериумите за избор во звања. Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, рече дека Владата...

Пратениците расправаа за Законот за високо образование

Пратениците во Собрание расправаа за измените на Законот за високо образование. На самиот почеток на расправата, министерот Абдилаќим Адеми кажа дека ќе има пилот-проект за државниот испит. Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу, рече дека без ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да може да ги донесе овие закони. Фазлиу ги...

Откажан петочниот состанок на ЕУ-министрите против тероризмот

И покрај најавите на латвиското претседателство дека в петок министрите за внатрешни работи ќе се состанат во Брисел да дискутираат за последиците од париските атентати и за мерките во борбата против тероризмот, 28-те министри, сепак, одлучија дека е рано за тоа, објаснувајќи дека „одлуките...

Почна расправата за измените на законите за образование

Со 64 гласа „за“, двајца воздржани и шест „против“, пратениците во Собранието го изгласаа законот со кој се предвидува воведување академија за наставници. Пратеничката Солза Грчева кажа дека е скептична околу тоа како ќе се употреби и дали ќе се злоупотреби академијата на наставници. -...

Ципрас за името: Самарас направи историска грешка

Алексис Ципрас го обвини премиерот Андонис Самарас дека поради неговите ставови како министер за надворешни работи, Грција е заглавена 20 години во спорот за името. Првиот човек на најпопуларната грчка левичарска партија, во интервју за емисијата „Во прво лице“, на телевизијата „Стар“, истакна дека доколку грчките...

В петок ЕУ на вонреден состанок за борбата против тероризмот

Латвиското претседателство на ЕУ предлага в петок да се одржи вонреден состанок на министрите за надворешни работи на Унијата, на кој ќе се разговара за терористчките напади во Франција и како „подобро да се координира одговорот“ на ниво на ЕУ, најавија од претседателството. Но,...

Грција по 25 јануари: Политичка или техничка влада?

Длабоката политичка поделеност во Грција создава страв и загриженост дека изборите на 25 јануари, наместо влада, може да донесат втор круг избори. Засега нема на повидок некаков договор за соработка меѓу политичките партии кои се во арената за парламентарните избори. Политичките аналитичари и политичарите...

Македонските новинари со моливи в рака се приклучија на маршот на солидарноста

Со моливи в рака, македонски новинари денеска се собраа во Паркот на новинарите за да им оддадат почит на загинатите колеги во масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. На македонскиот марш на солидарноста присуствуваше и француската амбасадорка Лоренс Оер. - Денеска сме тука затоа што...

Молотови коктели врз германски весник што објави карикатури на „Шарли ебдо“

Изутринава бил подметнат пожар во германскиот весник „Хамбургер моргенпост“, кој ги објави карикатурите за пророкот Мухамед на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“. Како што соопшти полицијата, напаѓачите фрлиле камења и молотови коктели преку прозорецот на редакцијата. Молотовите коктели предизвикале пожар во две простории, но набргу бил изгаснат....

Вранишковски излегува од затвор

Расчинетиот владика Јован Вранишковски ќе биде ослободен на Водици, 19 јануари. Скопскиот кривичен суд експресно издал решение на барањето на затворот, и доколку никој не жали, Вранишковски ќе биде слободен за 9 дена бидејќи ги исполнува сите законски услови, односно од пет и пол годишната...

Уставните измени добија зелено светло од Комисијата

Комисијата за уставни прашања денеска даде зелено светло за уставните измени. Членовите на комисијата гласаа за дефинирање на бракот само како заедница меѓу еден маж и една жена, основање на меѓународни финансиски зони, Народната банка да се преименува во Централна банка на РМ, во фискалната...

Двајца убиени и 20 ранети во Дамартин

Неофицијално, две лица се убиени, а најмалку 20 се ранети во нападот на печатницата во која влегоа двајцата браќа што се осомничени дека во средата го извршија нападот на „Шарли ебдо“. Полицијата ја опколи печатница и се обидува да ги натера осомничените да се предадат. Таа преговара...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...