fbpx

Белгија: Полицијата била мета на убиените осомничени џихадисти

-

Сè уште тече истрагата во џихадистичките кругови во Белгија по вчерашниот упад во пекарница во градот Вервие, во кој, наводно, се криеле џихадисти вратени од Сирија.

Полицијата во акцијата уби две лица, кои сè уште не се идентификувани. Третото лице беше приведено, неговиот идентитет не се открива, но тој ги отфрла сите обвинувања за инволираност во какви било планирани напади во Белгија, соопшти обвинителството.

Белгиските власти засега не откриваат многу детали за вчерашните акции во земјата бидејќи истрагата е сè уште во тек, дознаваме од полициски извори.

Покрај упадот во градот Вервие, полицијата во текот на ноќта упаднала во повеќе други квартови за кои постоел сомнеж дека се средишта на терористички активности во Брисел и во Лидекерк. Запленети се четири „калашникови“, огнени оружја, муниција и експлозиви. Најдени се, исто така, комуникациски материјали (телефони, токи-воки и радио), пари, фалсификувани лични документи и полициски униформи. Според обвинителството, осомничените планирале атентат врз полициска станица во Белгија во наредните часови или денови.

Полицијата, во интерес на истрагата, одбива да соопшти повеќе детали за убиените и дали тие се враќале од Сирија или имале некаква врска со оваа земја каде многу млади Европејци заминуваат да се борат.

Координаторот на антитерористичката политика на ЕУ, Жил де Керков, ја поздрави вчерашната акција на белгиската полиција, но предупредува дека затворањето на џихадистите не е решение на долг рок бидејќи токму во затвор повеќето од нив се радикализираат.

Де Керков бара адаптиран пристап кон овие луѓе, да им се помогне да се реинтегрираат во општеството преку психолошка помош.

– Во случај лицето да има крв на рацете, да било дел од терористичка акција, треба, се разбира, да се санкционира. Но, за тоа е потребна и реформа на затворската политика, исто така. Најголема грешка би била сите што се враќаат од Сирија да се пикнат в затвор. Затворот е инкубатор пар екселанс на радикализација. Трите последни терористички напади во Белгија и во Франција беа дела на радикализирани исламисти штотуку излезени од затвор – потсетува тој.

Европската комисија, од своја страна, посочи дека засега не е запознаена со посебна закана против неа или друга европска институција, но дека сепак ги заострува безбедносните мерки околу и во своите згради поради одлуката на белгиската влада да го зголеми нивото на тревога од 2. на 3. (4. е највисокото можно ниво).

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...