fbpx

В петок ЕУ на вонреден состанок за борбата против тероризмот

-

Латвиското претседателство на ЕУ предлага в петок да се одржи вонреден состанок на министрите за надворешни работи на Унијата, на кој ќе се разговара за терористчките напади во Франција и како „подобро да се координира одговорот“ на ниво на ЕУ, најавија од претседателството. Но, сè уште состанокот не е потврден, се чека министрите да ги усогласат агендите, изјави денеска Наташа Берто, портпаролка на Европската комисија.

Во меѓувреме, европските – и светските – лидери вчера, во Париз, веќе имаа првична средба и најавија „силен одговор“.

ЕУ-претставниците вчера имаа средба и со американскиот министер за правда, Ерик Холдер, кој изјави дека „само ако соработуваме, ако разменуваме информации и ги здружиме ресурсите ќе успееме конечно да ги победиме оние со кои се бориме околу нашите фундаментални вредности“.

Холдер најави самит во Вашингтон на 18 февруари и на кој ќе се разгледуваат начини за „борба против насилниот екстремизам“.

Земјите од ЕУ се соочуваат и со голем проблем на млади луѓе кои одат да се борат со ИД во Сирија и во Ирак.

Засега Европската комисија не планира да предложи нови, поостри мерки од постоечките, изјави денеска Берто, но ги охрабрува земјите-членки „поефикасно да ги експлоатираат постоечките“, меѓу другото, низа системи кои ги нуди шенгенското законодавство.

Комесарот за миграција, Димитрис Авромопулос, од своја страна, најави дека ЕК ќе работи на „нова миграциона политика“ во наредните месеци.

Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, по нападите истакна дека оваа тема не треба да се дискутира „на жешко“.

– Ова е момент на молк. Ние нема да бидеме водени од страв, туку од размислување – рече Јункер.

Организациите за одбрана на човековите права и новинарските здруженија веќе побараа од ЕУ членките и институциите да не ги заоструваат законите по нападите врз „Шарли ебдо“ и да внимаваат на почитување на фундаменталните права и слободи на човекот.

Граѓанските здруженија во Европа стравуваат од европска верзија на американскиот “Патриот акт“ донесен по нападите на 11 септември, со кои се прошируваат и се зајакнуваат надлежностите на полицијата и на безбедносните агенции во следењето, притворот и во истражната постапка против осомничените за тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...