Ципрас за името: Самарас направи историска грешка

-

Алексис Ципрас го обвини премиерот Андонис Самарас дека поради неговите ставови како министер за надворешни работи, Грција е заглавена 20 години во спорот за името.

Првиот човек на најпопуларната грчка левичарска партија, во интервју за емисијата „Во прво лице“, на телевизијата „Стар“, истакна дека доколку грчките политичари пред две децении ги послушале советите на СИРИЗА, спорот ќе бил решен и тоа под условите што денес Грција ги поставува како нејзина црвена линија, односно сложено име со географска одредница.

– Се докажа дека СИРИЗА пред 20 години беше во право за македонското прашање. Оној кој се покажа дека не е во право, и во историјата ќе биде запишан со црно мастило е премиерот Андонис Самарас, кој тогаш беше министер за надворешни работи. Ние уште тогаш предлагавме да се прифати пакетот „Пинеиро“ и ако го имавме прифатено, спорот веќе ќе беше решен. Сега Грција го бара овој пакет, односно бараме сложено име со географска одредница, а соседот не го прифаќа тоа – истакна Ципрас во интервјуто.

За да истакне дека поради Самарас Грција две децении е во незгодна ситуација околу спорот за името, наместо да биде во поволна позиција, Ципрас посочи дека голем број држави веќе ја имаат признаено Македонија под уставното име, што не одговара на грчките барања и желби.

– Ние не сметаме дека народите од другите држави, од државите во нашето соседство ни се непријатели –  истакна лидерот на СИРИЗА.

М.П.

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Платформата на граѓански организации за борба против корупција со реакција врз преговарањето за „Договор Влада со Влада“

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи...