fbpx

Бугарката Мариана Везарова со изложба во Прилеп

Мариана Везарова завршила Уметничка академија во Софија во класата на професорот Васил Овчаров
Уметницата Мариана Везарова од Бугарија, утре, во 19 часот, ќе ја отвори својата прва самостојна изложбата „Едно лето“, во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. - Убавината на природата, на мистичното кај морето, тревите, дрвјата, цветовите, тоа е она што ме инспирираше за...

Се реконструира Домот на културата во Богданци

Реконструкцијата би требало да се одвива до април следната година
Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци се реконструира во рамки на проектот „Отворена врата за културна размена - Градење на заедничка европска иднина“, кој го спроведува Општина Богданци со пари од ИПА-програмата за прекугранична соработка на Европска Унија. Реконструкцијата би требало да се одвива...

„Потрага“ на Андријана Коровешовска победи на конкурсот за млади поети

Песната „Потрага“ на Андријана Коровешовска ја доби првата награда  на конкурсот за млади поети што го распиша Агенцијата за млади и спорт на Република Мекедонија, во соработка со Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Од 86 пристигнати песни од млади поети на возраст од 15...

Прес-конференција за „Синедејс“

Утре, во 11 часот, во просториите на Младинскиот културен центар, ќе се одржи конференција за печат по повод 13. издание на Фестиваллот на европски филм „Синедејс“. На прес-конференцијата ќе присуствува и градоначалникот Коце Трајановски.

„Нова Македонија“ ги додели наградите за краток расказ

Добитниците на најдобар краток расказ на годинашниот конкурс на весникот „Нова Македонија“
Најдобар краток расказ на годинешниот конкурс на весникот „Нова Македонија“ е „Зелен клукајдрвец“ на Милован Стефановски. Втора награда на анонимниот конкурс доби Петре Димевски за расказот „Како душата се одвои од телото“, а трета доби Христо Петревски за „(Пре)раскажувачот“. Доделени се и три откупни награди...

Почина композиторот Сотир Голабовски

За својата дејност добитник е на голем број стручни и општествени признанија
По долго боледување, денеска почина истакнатиот македонски композитор, музиколог и музички педагог Сотир Голабовски, соопшти Сојузот на композитори на Македонија. Тој оствари значаен творечки композиторски опус, во кој одгласите од европската авангарда од седумдесетите години на минатиот век наоѓаа значаен одраз. Паралелно со ова беше...

Плакета со стихови на македонски и на шпански на поетот Василевски во Барселона

Стиховите на Василевски од македонски на шпански јазик се во превод на Марија Бежановска и Роса Енрике
Во Барселона, деновиве, на македонски и на шпански јазик, е објавена плакета со стихови на македонскиот поет и академик Ристо Василевски. Плакетата, како што соопшти „Арка прес“, е во издание на угледниот шпански издавач „Алберт Лазаро Тинаут“ и е отпечатена во ателјето „Дигитал ворк“ во...

Александар Ѓеоргиев, добитник на наградата „Петре Прличко“

Одлуката ја донесе жири комисијата во состав Александар Ивановски претседател и членовите Јордан Витанов и Едмонд Сотир
Александар Ѓеоргиев, актер на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2014 година, што по деветти пат ја доделува Општина Велес и Здружението на актери „Џинот“. Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Александар Ивановски,...

СДСМ: Да се објават резултатите од конкурсот за превод на македонски книги

СДСМ бара Министерството за култура да ги објави резултатите од конкурсот за превод на македонска литература на странски јазици. Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, вели дека, според нивните информации, дел од грантовите биле со понижувачки мал износ. - Со обајавување на...

Проектот „Гоу грин“ собра повеќе од 10.000 отпадни батерии

Целта на настанот беше да се развие јавната свест за селектирање и рециклирање на отпадни батерии и отпадни мобилни телефони
Музичко-едукативниот настан „Празнење батерии“, кој беше дел од проектот „Гоу грин“ во клубот „Хавана“ на 24 октомври, го посетиле повеќе од 2.000 млади. Целта на настанот беше да се развие јавната свест за селектирање и за рециклирање на отпадни батерии и на отпадни мобилни телефони,...

Промоција на книгата „Збор за зборот“ од Златко Жоглев, Данилеа Трајковска и од Гордана Стојаноска

Во заедничкото дело на тројцата автори застапени се шеесет песни
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, на 6 ноември (четврток) 2014 година, ќе се одржи промоција на поетската книга „Збор за зборот“ од Златко Жоглев, Данилеа Трајковска и од Гордана Стојаноска. Во заедничкото дело на тројцата автори, застапени се 60 песни, во кои се...

Избор од поезијата на академик Гане Тодоровски

. Со своите ставови и сфаќања за одредени теми никого не оставаше рамнодушен
Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат избор од поезијата на академик Гане Тодоровски под наслов „Биографија“. Со публикувањето на ова дело, во кое се застапени 85 песни, издавачот ја одбележува 85-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, научник и општественик....

Од „ала франга“ до современа мода во Музеј на македонската борба

Публиката ќе може да ги види креациите на Ненад Секирарски и Александар Рашковиќ
На 6 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во фоајето на Музејот на македонската борба, ќе се одржи модна ревија под наслов „Модните трендови и културата на живеење од „ала франга“ до современа мода“. Организатор на ревијата е НУ Музеј - Куманово, во соработка...

Промоција на книгата „Историја на Чешка“

„Историја на Чешка“ е објавена деновиве, во издание на „Македоника литера“ и на „Македонска реч“
Промоција на книгата „Историја на Чешка“ од Јан Рихлик, Владимир Пенчев и од Новица Велјановски ќе се случи денеска во Младинскиот културен центар во Скопје. „Историја на Чешка“ е објавена деновиве, во издание на „Македоника литера“ и на „Македонска реч“ од Скопје. Во неа е...

Современа семејна куќа во Сиднеј

Австралиската архитектонска компанија „Тони Овен партнерс“ развила и имплементирала оригинален дизајн на модерна семејна куќа, која има неверојатен поглед на сиднејската „Опера хаус“ и мостор Харбур. Куќата го доби името „Мобиус“. Градежниците направиле сè за да ја имплементираат својата идеја, односно домот да биде сончев...

Во центарот на Скопје парада на Градскиот дувачки оркестар

Со „чекорници“ во централното градско подрачје
Денеска во 11 часот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи параден концерт со „чекорници“. Оркестарот ќе се движи од централното градско подрачје, односно од Музејот на Град Скопје, до паркот Жена-борец. Според најавата, ќе бидат изведени „Патриотска чекорница“, „Вашингтон пост марш“, „Трета македонска бригада“, „Младинска чекорница“, „Вардаре...

Битолчани подготвени за музиката на Галијано и на „Тангарија квартет“

Ричард Галијано, францускиот виртуоз на хармоника, и светски познатиот „Тангарија квартет“ од Франција се ѕвездите на шестиот по ред „Фестивал на музика од светот“ во Битола. Оваа година фестивалот ќе се одржи од 6 до 8 ноември, во организација на Центарот за култура од Битола....

Меѓународен фестивал на фотографија во Куманово

Почесни гости на фестивалот се Неда Речки, Озрен Божановиќ, Драгослав Мирковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Марија Јовановски и Сашо Ило
Со изложба на минијатури од фотографии наградени на меѓународни изложби, денеска во Куманово ќе биде отворен првиот фестивал на фотографија „Малински фото-фестивал“. Фестивалот е во организација на Фото-клубот од Куманово, а љубителите на фотографска уметност ќе имаат можност да ги проследат и изложбите „Круг“, „Тумба“...

„Зло време“ од Раде Силјан промовирана во Софија

Промоцијата на книгата се одржа во новинската агенција БТА
Во прес-центарот на Бугарската телеграфска агенција - БТА во Софија, на 30 октомври 2014 година, пред стотина присутни писатели, преведувачи и новинари, беше промовирана поетската книга „Зло време“ од македонскиот поет Раде Силјан, во превод на бугарски јазик на Владимир Луков, а во издание...

Доделена „Златна лира“ за животно дело и за врвни музички достигнувања

Пијанистот Тодор Светиев доби Златна лира за животно дело
Советот за музички уметници на Македонија им додели „Златна лира“ за врвни музички достигнувања на диригентот Саша Николовски – Ѓумар и за животно дело - на пијанистот Тодор Светиев. - И ние во Македонија имаме гордост како што е за Индија Зубин Мехта. Маестро Саша Николовски – Ѓумар...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...