fbpx

„Зло време“ од Раде Силјан промовирана во Софија

-

Во прес-центарот на Бугарската телеграфска агенција – БТА во Софија, на 30 октомври 2014 година, пред стотина присутни писатели, преведувачи и новинари, беше промовирана поетската книга „Зло време“ од македонскиот поет Раде Силјан, во превод на бугарски јазик на Владимир Луков, а во издание на издавачката куќа „Богиана“, чиј главен уредник е Бојан Ангелов, актуелен претседател на Сојузот на бугарските писатели.

Промоција во Софија
Промоција во Софија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За делото на нашиот писател говореше литературната критичарка, академик Благовеста Касабова , која констатира дека „Силјан спаѓа во редот на автентичните поети и дека неговите лирски пораки се со универзални вредности“. На свеченоста по повод промовирањето на поетската книга на македонскиот поет Раде Силјан, Сојузот на слободните уметници на Бугарија му ја додели меѓународната наградата „Амбасадор на пријателството“ за неговиот голем придонес во развојот на бугарско-македонските културни врски.

Од промоцијата во Бугарија
Од промоцијата во Бугарија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На чинот на врачувањето на наградата присуствуваа заменикот амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија, Гоце Георгиевски, и директорот на Македонскиот културен центар, Васко Шутаров.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...