fbpx

Проектот „Гоу грин“ собра повеќе од 10.000 отпадни батерии

-

Музичко-едукативниот настан „Празнење батерии“, кој беше дел од проектот „Гоу грин“ во клубот „Хавана“ на 24 октомври, го посетиле повеќе од 2.000 млади. Целта на настанот беше да се развие јавната свест за селектирање и за рециклирање на отпадни батерии и на отпадни мобилни телефони, а се собрале 8.870 отпадни батерии, 208 мобилни телефони, 12 батерии од лаптоп, 4 батерии од фотоапарат и 30 мали акумулатори од алармни уреди. Посетителите што дојдоа без батерии или мобилни телефони, донираа средства во Црвениот крст за акцијата за изградба на живеалишта за две фамилии кои немаат соодветни услови за живеење.
На настанот настапија „Нокаут“, „Ај кју“, „Фанкшуи“, „Марлон Брандо“, диџеј Чваре и диџеј К-105, а водител на настанот беше Марко Новески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...