Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци се реконструира во рамки на проектот „Отворена врата за културна размена – Градење на заедничка европска иднина“, кој го спроведува Општина Богданци со пари од ИПА-програмата за прекугранична соработка на Европска Унија.
Реконструкцијата би требало да се одвива до април следната година, а ќе се изврши замена на замена на подот и на покривот, обновување на ѕидовите и реновирање на кино-салата, како и опремување со нов мебел, аудио и видеоопрема. Изведувач на градежните работи е претпријатието „Виа“ ДОО од Вевчани.