Денеска во 11 часот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи параден концерт со „чекорници“. Оркестарот ќе се движи од централното градско подрачје, односно од Музејот на Град Скопје, до паркот Жена-борец.

Според најавата, ќе бидат изведени „Патриотска чекорница“, „Вашингтон пост марш“, „Трета македонска бригада“, „Младинска чекорница“, „Вардаре македонски“, „Огномет на слободата“, „Во спомен на Ваташа“, „За сите деца“, „Дикси парада“ и „Работнички“, информира прес-службата на Град Скопје.

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, е составен од членови, главно, професионални музичари и од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а нивните досегашни настапи им даваа свечена нота на речиси сите државни празници и значајни манифестации.