fbpx

Уставниот суд ќе расправа за враќање на амнестијата за изборни нерегуларности

Уставниот суд на утрешната седница, закажана за 9 часот, по третата точка на дневниот ред, ќе расправа за измени на Законот за помилување со кои на претседателот на државата ќе му се овозможи да амнестира и лица осудени за изборни нерегуларности, стои на веб-страницата на судот,...

Емил Димитриев: Ако нема избори, да се врати политичката влада

Мандатот на оваа влада е за организирање избори, ако нема избори, во тој случај се доведува во прашање целисходноста на нејзиното функционирање и престанува потребата и основната функција на оваа влада и треба да се врати политичката влада што беше со полн легитимитет од граѓаните, напиша на...

ДУИ собра потписи за иницијативата, ќе ја поднесе кога ќе обезбеди мнозинство

Вкупно 26 пратеника денеска ја потпишаа иницијативата на ДУИ да се повлeче одлуката за распуштање на Собранието. Потписи на иницијативата ставиле пратениците од ДУИ и од ДПА, како и пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска. Како што информираше Артан Груби, шеф на кабинетот на Али Ахмети, иницијативата...

Министрите и замениците-министри од СДСМ поднесоа условени оставки

Министрите и дополнителните заменици-министри од СДСМ поднесоа оставки од функциите во Владата на Република Македонија. Како што на прес-конференција изјави Оливер Спасовски, генерален секретар на партијата, тие бараат нивните оставки да се констатираат ако стапи на сила одлуката за распуштање на Собранието, донесена на 18...

Каде исчезна: Зошто Груевски четири дена го нема во јавност?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, веќе четврти ден го нема во јавност откако последен пат беше виден во петокот (19 февруари 2016 г.) на средбата со бизнисмените во Сојузот на стопански комори. Тој на средбата беше заедно со вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, со министерот за...

Ховит, Вајгл и Кукан ќе го спасуваат Договорот од Пржино

Тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска ќе се обидат да ги приближат ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Тие вчера допатуваа во Скопје, а денеска ќе имаат средби со политичките партии потиписнички на Договорот од Пржино. Засега нема...

Продолжува судењето против 29 обвинети за случајот „Диво Насеље“

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште, според најавите, исказ треба да дадат сведоци за борбите во Диво...

Ховит, Вајгл и Кукан вечерва доаѓаат во Скопје

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан вечерва ќе допатуваат во Скопје, дознава „Мета“ од извори од Брисел. Бриселската тројка, која заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваше во носењето на Договорот од Пржино, во текот на утрешниот ден ќе се обиде да ги приближи...

Заев: Избори на 24 април не може и нема да има

Во Македонија нема услови за фер и демократски избори, а тоа вчера го потврдија и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, рече на денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој изјави дека не се спроведени реформите во медиумите и не...

Го претепале до смрт оти ја фалел Катица Јанева, а ги кудел Јанкулоска и Јанакиески

Бизарна расправија, по неколку чаши ракија, била кобна за 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил до смрт претепан од 53-годишен поранешен осуденик откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска...

Бејли: Не се исполнети условите за кредибилни избори на 24 април

Не се исполнети условите за одржување на фер и кредибилни избори на 24 април, е оцената на Европската унија и на Соединетите Американски Држави, што вечерва ја соопшти амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли. Американскиот амбасадор ова го сооппшти пред зградата на Владата, откако...

Вонредна лидерска средба пред објавувањето на оцената за условите за избори

Лидерите на политички партии потписнички на Договорот од Пржино, во моментов се во Клубот на пратеници каде од 15 часот е закажана вонредна лидерска средба. На средбата, од засега непознати причини, не е присутен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додека претседателите на СДСМ, ДУИ и...

Ванхауте: Нема избори на 24 април, денеска ЕУ и САД ќе ја кажат конечната оцена

Делегацијата на Европската унија (ЕУ) и на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија денеска, како што е најавено, треба да ја соопшти оцената за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април. Првично, оцената требаше да биде соопштена...

Брисел и Вашингтон уште ја договараат изјавата дали се исполнети условите за избори

Оцената за условите за одржување избори на 24 април најверојатно нема да биде соопштена денеска, дознава „Мета“. Според висок дипломат, конечниот текст на заедничката изјава сè уште се прецизира во Брисел и во Вашингтон. Преговорите на политичките партии на локално ниво продолжуваат. Евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор...

Договорот од Пржино на апарати за вештачко дишење

Партиите учеснички во преговорите за медиумите денеска се без идеја што понатаму ќе се случува откако синоќа пропадна и последниот обид за реформи во оваа сфера. Единствено, информација на „Нетпрес“ дека денеска повторно ќе продолжат прегoворите за медиумите покажува дека процесот можеби не е мртов. Од...

Пропаднаа преговорите за медиумите – партиите не постигнаа договор

Белгискиот посредник Питер Ванхауте доцна вечерва потврди дека партиите потписнички на Договорот од Пржино не постигнале договор по прашањето за регулацијата на медиумите. - Интензивно преговаравме два дена и она што можам да го потврдам во моментов е дека договор не е постигнат - рече...

МВР појаснува: Мигрантите од Гевгелија до Австрија нема да се носат со директна линија

Транспортот на мигрантите од Гевгелија до Австрија нема да се врши со директна линија, туку секоја земја на западно-балканската мигрантска рута посебно ќе го организира превозот на мигрантите до нивната крајна дестинација, каде имаат намера да бараат азил, појаснуваат за „Мета“ од Министерството за...

Падна договор: Мигрантите директно од Гевгелија ќе се носат до Австрија

Шефовите на полициите на петте земји од западно-балканската мигрантска рута, Австрија, Словенија, Македонија, Хрватска и Србија, денеска се договорија и потпишаа декларација, според која профилирањето и регистрирањето на мигрантите ќе се врши на грчко-македонската граница, а бегалците што ги исполнуваат условите, организирано ќе бидат транспортирани...

Според пописот на Илија Димовски, Македонија има 2,4 милиони државјани

Македонија има 2,4 милиони жители, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во колумна за „Дневник“ насловена „Факти за Mакедонците од Пустец“. Тој својата теза ја поткрепува со податокот дека избирачкиот список се подготвува врз база на регистарот на државјани на Република Македонија, кој го...

Нема договор за медиумите, преговорите продолжуваат попладне

По неколкучасовни преговори работните групи вчера не постигнаа договор за рефoрмите во медиумите. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте на својот профил на „Твитер“ најави дека разговорите ќе продолжат денеска попладне. Пред почетокот на вчерашната средба на работните групи во Клубот на пратеници, Ванхауте изјави дека ситуацијата никогаш не е безнадежна...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...