fbpx

МВР појаснува: Мигрантите од Гевгелија до Австрија нема да се носат со директна линија

-

Транспортот на мигрантите од Гевгелија до Австрија нема да се врши со директна линија, туку секоја земја на западно-балканската мигрантска рута посебно ќе го организира превозот на мигрантите до нивната крајна дестинација, каде имаат намера да бараат азил, појаснуваат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи.

Тоа што било договорено на денешниот состанок на директорите на полициите на петте земји од западно-балканската рута, Македонија, Австрија, Хрватска, Србија и Словенија, е новиот стандардизиран документ за профилирање и за регистрација на мигрантите, која ќе се врши на македонско-грчката граница кај Гевгелија.

Овој документ со потребните податоци ќе им биде неопходен на мигрантите при нивниот пат од Македонија до Австрија или некоја од другите земји на ЕУ, каде ќе бараат азил.

– Профилирањето значи утврдување кое е тоа лице, од каде доаѓа, потврдување на тие податоци, каде сака да оди и која е неговата крајна дестинација. Сите тие податоци при профилирањето треба да се поднесат и во регистрациониот лист и тоа ќе се прави на нашата јужна граница кон Грција. Потоа колегите од Србија, Хрватска, Австрија и од Словенија ќе ги проверуваат тие податоци. Тоа беше потребно бидејќи секоја земја ја вршеше регистрацијата посебно во рамките на своите законодавства, а сега усвоиме стандареден образец. Кога ќе се регистрираат овие легални мигранти, од нашата јужна граница ќе се транспортираат до Австрија, односно до земјата што ги прима овие азиланти – вели за „Ал Џезира“ директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанче Савовски, кој учестуваше на денешниот состанок во Загреб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...