fbpx

Продолжува судењето против 29 обвинети за случајот „Диво Насеље“

-

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година.

На денешното рочиште, според најавите, исказ треба да дадат сведоци за борбите во Диво Насеље и за нападот на караулата Гошинце, на 21 април.

Обвинетите се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.

На претходните рочишта тие сите се изјаснија како невини за делата за кои се товарат, а дел од нив рекоа дека биле искористени за политички цели.

Адвокатите на обвинетите во своите воведни зборови, рекоа дека ниту тие, ниту обвинетите ја прифаќаат квалификацијата на кривичните дела тероризам и терористичка организација и дека во понатамошниот тек на судењето ќе го докажат тоа преку искази на сведоци и врз основа на доказите прибрани од обвинителството во текот на истрагата.

– Ние сметаме дека има една генеза, односно една поврзаност на настаните од Гошинце и од Диво Насеље токму со „бомбите“, односно со прислушуваните разговори. Убедени сме и јас и обвинетите дека станува збор за вмешаност на одредени структури и во понатамошниот тек од главната расправа ќе наведеме со име и со презиме кои се тие – рече пред две недели адвокатот на неколкумина од обвинетите, Насер Рауфи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...