fbpx

Каде исчезна: Зошто Груевски четири дена го нема во јавност?

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, веќе четврти ден го нема во јавност откако последен пат беше виден во петокот (19 февруари 2016 г.) на средбата со бизнисмените во Сојузот на стопански комори.

Тој на средбата беше заедно со вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, и со заменик-министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.

По официјалното обраќање, Груевски со бизнисмените остана да разговара зад затворени врати.

Тогаш беше направена и последната фотографија од него во јавност.

Отсуството за викенди е особено невообичаено, оти тогаш лидерот на владејачката партија редовно имаше и партиски и владино-промотивни активности.

Сè до денеска од Груевски нема ниту трага, ниту глас, дури ни на промоција на владини проекти. На пример, Груевски го пропушти предавањето на социјалните станови во Ресен во понеделникот (22 февруари 2016 г.), а во вчерашното издание на вестите на телевизија „Сител“ гостуваше членот на извршниот комитет на партијата и министер за здравство, Никола Тодоров, кој ниту еднаш не го спомена името на претседателот на партијата.

Одговор за тоа каде е претседателот на партијата побаравме и од директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски и од членот на Извршниот комитет на партијата Илија Димовски, но безуспешно. Тие два дена не одговарат на нашите телефонски повици.

Инаку, на 24 јануари годинава, на годишната конференција на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, во салата „Јане Сандански“ во Скопје, Груевски се „закани“ дека „сакале или не, ќе го гледаме сè повеќе меѓу народот“.

– Сакале вие или не, ќе ме гледате сè повеќе меѓу народот, земјоделците, студентите, пензионерите, меѓу сите на кои никогаш не им го свртев грбот и не ги заборавив кога им било најтешко и никогаш не ми го свртеа својот грб и не ме заборавија кога ми беше мене најтешко – рече тогаш Груевски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...