fbpx

По вчерашните тензии, денеска нема седница, координаторите се договараат како понатаму

Собранието на Република Македонија ја одложи шестата седница на чиј дневен ред се предлог-одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, како и разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Седницата, како што информираат собраниските служби, наместо за денеска во 11 часот...

Кохабитацијата на тест: Во тек се разговорите за именување 18 амбасадори и конзули

Премиерот Зоран Заев вчера при промовирањето на реформскиот план „3-6-9“ за забрзување на евроатлантските интеграции, најави кохабитација со претседателот Ѓорге Иванов. Прв чекор во кохабитацијата е пополнување на испразнетите 18 дипломатски позиции во амбасадите, конзулатите и во мисиите на Македонија во странство. Во моментов испразнети...

Со 10-те пратенички групи, ВМРО-ДПМНЕ ја заврши „конструктивноста и попустливоста“

„Kонструктивноста што некои ја нарекуваа попустливост во нашето дејствување, завршува денеска“, порача минатата недела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по 17-те обвиненија што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство против него и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија формираа...

Мијалков не поднел жалба оти уште не го добил решението за одземениот пасош

Адвокатот Љупчо Шврговски, кој му е бранител на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ кои СЈО ги спои во едно обвинение, за „Мета“ изјави дека досега не ги поднеле жалбите бидејќи Мијалков сè уште...

ВМРО-ДПМНЕ ќе формира 10 пратенички групи во Собранието

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на брифинг со новинарите во Собранието соопшти дека поднеле допис до претседателот на парламентот за формирање 10 пратенички групи во Собранието. Според дописот, ВМРО-ДПМНЕ бара девет од групите да бројат по пет пратеници, а една да има шест члена. На првата група...

Смената на Зврлевски и денеска ќе чека ред во расправата на пратениците

Откако вчера 6. седница на Собранието заврши со расправија меѓу пратениците на опозицијата и на власта за предлогот на Владата да се именува Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација, денеска првото продолжение на оваа седница ќе продолжи токму оттаму. На дневниот ред...

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“. Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите. - Во првите три...

Разрешувањето на Зврлевски се помести понапред на собраниската седница

Пратениците на Собранието на Република Македонија го усвоија дневниот ред на 6. седница и решија барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, да биде петта наместо 30. точка на дневниот ред. Зврлевски до паузата не се појави во собраниската сала. Тој...

Заев и Османи напладне ќе ги откријат деталите од реформскиот план „3 – 6 – 9“

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска напладне на прес-конференција во Владата ќе ги соопштат деталите од предлог-планот „3 – 6 – 9“ за спроведување на реформските приоритети. Владата на вчерашната седница го усвои планот, кој треба да придонесе за добивање...

Владата го усвои предлог-планот за итните реформи „3 – 6 – 9“, деталите подоцна

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвои предлог-планот „3 - 6 - 9“, за спроведување на реформските приоритети, неопходни за евроатлантските интеграции на земјава, соопшти владината прес-служба, додавајќи дека деталите од планот дополнително ќе бидат соопштени. На седницата од Министерството за внатрешни работи...

Од 1 септември дел од администрацијата ќе работи во две смени

Ќе се воведе флексибилно работно време на сите вработени во државната управа, а во одредени институции и двосменско работно време, соопшти министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски информирајќи дека таква одлука донела Владата на Република Македонија на денешната седница. Одлуката ќе се применува...

СЈО попладнево ќе ги поднесе првите жалби за одбиените притвори

Специјалното јавно обвинителство се очекува денеска попладне до Апелацискиот суд Скопје да ги поднесе првите жалби на одбиените барања за одредување мерка притвор на 18 лица, против кои минатата недела беа поднесени обвиненија, потврдија за „Мета“ од СЈО. Жалби на одлуките на првостепениот суд, СЈО...

Груевски и другите од „Титаник“ останаа и без дипломатските пасоши, нема притвори

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 ги одбија како неосновани и барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт...

Груевски ја утнал адресата, дека се откажува од иминутетот, ќе мора да му пише на Џафери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски, за кого Специјалното јавно обвинителство бара да му биде одредена мерка притвор, како обвинет во случајот „Титаник“, во петокот минатата недела доставил известување за откажување од правото на имунитет до Комисијата за...

Спотот на ФФМ за Суперкупот на УЕФА како реклама за „Скопје 2014“

Натпреварот од Суперкупот на УЕФА, кој на 8 август во Скопје ќе го играат „Реал Мадрид“ и „Манчестер јунајтед“, повторно ја подгреа страста кај вљубениците во фудбалот, откако медиумите информираа дека „УЕФА го објавила“ промотивниот видеозапис. На јутјуб-каналот на УЕФА, пак, како и на нејзината веб-страница нема тако...

Нè чека долга судска недела: Рокови, жалби, одлуки, претреси

Денеска Кривичниот суд во Скопје треба да ги соопшти и последните одлуки по барањата за притвори против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри, обвинети во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Станува збор за барањата за притвор на Никола Груевски, Мартин Протогер, Гордана Јанкулоска, Миле...

Треба дополнителен импулс од двете страни во спорот за името, му порачал Иванов на Нимиц

Неопходно е стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите за спорот за името - резолуциите на Советот за безбедност, Привремената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, истакнал македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, на средбата со Метју Нимиц, специјален пратеник...

Мијалков остана без пасош, одлуките за притворите во „Титаник“ – утре

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 го отфрлија како неосновано и барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е првообвинет во случаите „Трагет“ и „Тврдина“, што СЈО ги...

И Канческа-Милевска и Пешевски останаа без пасоши, засега нема притвори

Кривичните совети на Основниот суд Скопје ги одбија како неосновани барањата на Специјалното јавно обвинителство да им биде одредена мерка притвор на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. На Канческа-Милевска и на Пешевски, кои се обвинети...

Нимиц од денеска во Скопје, на разговори со државниот врв за спорот за името

Специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, од денеска до 4 јули ќе претстојува во Скопје на разговори со државниот врв околу можностите за решавање на спорот за името. Нимиц, како што соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...