Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на брифинг со новинарите во Собранието соопшти дека поднеле допис до претседателот на парламентот за формирање 10 пратенички групи во Собранието.
Според дописот, ВМРО-ДПМНЕ бара девет од групите да бројат по пет пратеници, а една да има шест члена.
На првата група од шест члена, координатор ќе биде Илија Димовски. На втората пратеничка група, координатор е Антонијо Милошоски, на третата – Зоран Илиоски, на четвртата – Владанка Авировиќ, на петтата група координатор е Даниела Рангелова, на шестата – Панчо Минов, на седмата – Димитар Стевананџија, на осмата – Драган Данев, на деветтата – Благица Ласовска и на десеттата пратеничка група – Драган Цуклев.
Поранешните премиери Никола Груевски и Емил Димитриев, како и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски нема да бидат кооридинатори на групите, туку ќе бидат дел од првата пратеничка група од шест члена.
Димовски информираше дека ВМРО-ДПМНЕ ова го прави за да може да се искористи деловничкото право со можност за поголемо учество во дискусијата.
Според Деловникот, на координаторите на пратеничките групи им е дозволено да дискутираат по 15 минути и да се јавуваат за процедурални забелешки по три минути.