fbpx

Апелација: Притвор за Грујовски, Јакимовски и за Бошковски – Мијалков останува без пасош

Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство за дел од обвинетите во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ и им одреди притвор на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, на поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков во Управата за безбедност и...

Почна седницата на Комисијата за надворешна политика, Заев го презентира договорот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска на затворена седница на собраниската Комисија за надворешна политика го презентира нацрт-договорот за добрососедство на Република Македонија со Република Бугарија. На седницата присуствуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи и претседатели на соодветни комисии. Заев кажа дека потребно е...

Договорот со Бугарија денеска на затворена седница на Kомисијата за надворешна политика

Членовите на собраниската Комисија за надворешна политика денеска во 10 часот на затворена седница ќе го разгледуваат нацрт-договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Седницата е закажана откако вчера до Комисијата за надворешна политика беше упатено барање од Владата на Република Македонија. На седницата...

Коѕиас имал „интересна и сериозна“ средба со Нимиц

„Имав многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц, кој неодамна престојуваше во Скопје. Тој ме информира за климата таму“, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, по денешната средба со посредникот Метју Нимиц во Брисел. - Го информирав за тоа што ние мислиме по...

Мијалков даде збор дека редовно ќе се јавува во суд

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска пред тричлениот совет на Апелацискиот суд Скопје изјави дека нема зошто да бега од државата, бидејќи е убеден во својата невиност и оти верува дека во понатамошната постапка и судот ќе го...

Коѕиас: Новата влада ја потсмири реториката, но ништо суштински не е сменето

Новата влада ја потсмирила реториката и има покоректна комуникација, но сепак ништо суштински не е сменето, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за „Еуроактив“, за новата македонска влада. Тој истакна дека за време на својата посета на Скопје во август, ќе разговара...

Пешевски и Латас остануваат без пасоши, Апелација досега ги одби сите жалби на СЈО

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, кој е обвинет во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, останува без пасош и со обврска еднаш неделно да се јавува во суд. Вака одлучил Апелацскиот суд Скопје по разгледувањето на жалбите на СЈО и на одбраната...

Расправата за ребалансот на буџетот ќе почне со 840 поднесени амандмани

Дури 840 амандмани стигнале до собраниската Комисија за финансирање и буџет, во која денеска ќе почне расправата за ребалансот на буџетот. Најмногу амандмани, 706, поднела ВМРО-ДПМНЕ, а другите 134 амандмани се од партии од албанскиот политички блок. Поради ребалансот на буџетот, беше прекината шестата собраниска...

Таравари подготвува нови смени на директори и извод за роденчињата уште во болница

Хигиената во болниците останува главен проблем и во следните пет-шест месеци еден од моите главни фокуси ќе биде хигиената во сите болници, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, по денешното чистење на слободниот простор меѓу клиниките во скопскиот Клинички центар. Тој истовремено најави дека наскоро...

НФАПВ предупредува да не се плаќа за вработување во странство

Националната федерација на агенции за вработување (НФАПВ) денеска упати предупредување да бидат внимателни сите што сакаат да дојдат до работно место во странство преку некоја агенција. Заинтересираните за работа не треба да плаќаат на агенциите, бидејќи агенцијата за постапката треба да им наплати на...

Мирчески: Во време на криза, претходната власт дала милион евра за два ЛЕД-дисплеи

Близу еден милион евра потрошила претходната влада за набавка на два ЛЕД-дисплеи, соопшти денеска пред новинарите и пред јавноста директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески. - Во услови кога Македонија била во севкупна економска и социјална криза, која била потребата некој...

Собранието заседаваше до 3.30 часот, продолжува денеска

Маратонската осма седница на Собранието на Република Македонија која траеше до 3.30 часот утрово, ќе продолжи денеска во 13 часот, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа прогласи постојано заседание на парламентот. Попладнето и вечерта минаа без пратениците од владејачкото мнозинство, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ...

Димовски: Ќе гласаме за декларацијата, но не и за заклучоците за планот „3-6-9“

Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на седницата на Комисијата за европски прашања соопшти дека партијата ќе ја поддржи декларацијата за забрзување на реформските и на интегративните процеси, но не и заклучоците. Тој, исто така, побара во декларацијата да...

Џафери го искара Тевдовски за доцнењето и залепи знак за „тишина“ за пратениците

Жестока расправа во Собранието предизвика доцнењето на министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој требаше да ја образложи завршната сметка за буџетот за 2016 година. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја тргна точката од дневен ред и на парламентарното мнозинство му порача дека ако сака...

Собранието треба да усвои декларација за забрзување на реформите од планот „3-6-9“

Комисијата за европски прашања на Собранието на денешната седница, на чиј дневен ред е реформскиот план на Владата „3-6-9“, треба да усвои декларација за забрзување на реформските и на интегративните процеси за зачленување на Македонија во Европската Унија и во НАТО. Целта на декларацијата, како...

Ципрас, Вучиќ и Борисов: Стабилна Македонија со решено име е услов за целосна поддршка

Стабилизација во Македонија и суштински дијалог за наоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името се услов за целосна поддршка од Грција, Србија и од Бугарија за евроатлантските перспективи на Македонија. Ова е ставот околу кој се согласиле грчкиот премиер, Алексис Ципрас, неговиот бугарскиот колега,...

Ципрас: Прво да се реши спорот за името, потоа влез во ЕУ и во НАТО

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ги повтори ставовите на Атина дека спорот за името меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија мора да се реши пред малиот балкански сосед да се приклучи кон Европската Унија и кон НАТО, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Говорејќи на заедничката...

ВМРО-ДПМНЕ побара пауза, а СДСМ откажување од дискусиите „во интерес на реформите“

Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, 40 минути откако почна собраниската седница на која на дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, побара еден час пауза за, како што рече, „да видат како ќе ја тераат...

Лидерите од Западен Балкан во Трст го усвоија Акцискиот план за економска интеграција

Шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, денеска на Самитот во Трст го усвоија повеќегодишниот Акциски план за регионален економски простор на Западен Балкан наречен МАП (Multi-annual Action Plan - Повеќегодишен акциски план), соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), кој е овластен...

Заев: Во Македонија владее оптимизам од подадената рака од меѓународната заедница

Има голема потреба од формирање рамка за унапредување на односите меѓу земјите од Западен Балкан, кон што е силно определена новата влада на Република Македонија, а постои и голема потреба не само од реформи, туку и од фокусиран забрзан реформски напредок, рече премиерот Зоран Заев...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...